Спринтот на патеката Сочи од Пол позицијата до првата зона на сопирање, Свиокот 2, е најдолг од сите патеки во Формула 1 календарот, со растојание од околу 890 метри. Заради тоа, заветрината е една од најмоќните, особено во првиот круг од трката, што го отежнува задржувањето на првите стартни позиции.
Сочи е единствената патека во 2020 Ф1 календарот со ограничување на брзината од 60 км на час низ пит-линијата, наместо вообичаената граница од 80км/ч, што повлекува голема загуба на време при влегување во бокс. Генерално, потребни се 30 секунди од излегување до повторното влегување на патеката.
"По девет трки во единаесет викенди, и достигнувајќи ја неофицијалната полусезона во шампионатот, Формула 1 имаше заслужен викенд за одмор. Ф1, ФИА и локалните промотори направија импресивна работа во овозможувањето на тековниот календар во овие тешки околности. Сепак, згуснатиот распоред значеше и немилосрдни три месеци за многу луѓе кои работат во нашиот спорт. Сите инволвирани заслужуваат голема благодарност што овозможивме да го правиме она што најмногу го сакаме, тркањето."
"Сега се наоѓаме во Русија, првиот единечен викенд во сезоната. Патеката Сочи беше добро место за нас во минатото и ние одржуваме силни рекорди. Патеката има прилично невообичаен изглед и тоа е една од карактеристиките што ја прави посебна, долг спринт од Пол позицијата до првата зона на сопирање. Тоа значи дека првата позиција не е нужно најдоброто место за старт на трката, бидејќи болидите поназад имаат голема помош од заветрината. Нашето квалификациско темпо беше навистина силно оваа година, но оваа јачина лесно може да се претвори во ранливост на денот на трката во Сочи."
"Руското ГП исто така ќе биде трка каде што камерманите на Нетфликс ќе го снимаат нашиот тим за третата сезона на "Drive to Survive". Минатата година тие не посетија во Хокенхајм каде што на домашната за нас трка, славевме јубилеј 125 години моторспорт, и ја имавме нашата најлоша трка на сезоната. Тоа значеше многу забавна епизода на Нетфликс, но да се надеваме дека овој пат ќе можеме да имаме одлична содржина за нив, но пред се и одлична трка за нас."

