Прв кој ја прекина и онака малата акција на патеката за време на првиот тренинг беше Карлос Саинц Јр., кој изгуби контрола врз задниот дел на својот Мекларен и тоа во седмиот свиок по што заврши во бариерите. По развеаното двојно жолто знаме, Шпанецот успеа да дојде до својата гаража, но оставајќи значителен број остатоци на асфалтот, по што следеше период на Виртуелен Безбедносен Автомобил. Кога тренингот беше рестатиран на патеката излезе Луис Хамилтон на белите гуми, но веднаш по инсталацискиот круг неговите предни тркала блокираа, по што тој сет на гуми беше уништен. Возачите имаат само 2 сета од најтврдата смеша на располагање за целиот викенд!!!
Повеќето возачи чекаа на што подобро "гумирање" на патеката, па акцијата се одвиваше при крајот на тренингот, но таа повторно беше стопирана по излетувањето на Николас Латифи кој заврши во бариерите покрај 10-от свиок. Беше развеано црвеното знаме, додека Канаѓанецот однесен на превентивен медицински преглед, поради активирање на Г-сензорот во неговиот Вилијамс.
Претпладневниот тренинг не беше од некоја помош, па секако порелевантни податоци ќе се очекуваат за време ан вториот тренинг кој започнува во 14:00 часот по Македонско време.
| 2020 РУСИЈА ГП - ТРЕНИНГ 1 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:34.923 | 13 | |
| 2 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:35.430 | + 0.507 | 22 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:35.577 | + 0.654 | 22 |
| 4 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:35.796 | + 0.873 | 23 |
| 5 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:35.965 | + 1.042 | 21 |
| 6 | Естебан Окон | Рено | 1:36.061 | + 1.138 | 23 |
| 7 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:36.230 | + 1.307 | 22 |
| 8 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:36.254 | + 1.331 | 24 |
| 9 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:36.323 | + 1.400 | 23 |
| 10 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:36.706 | + 1.783 | 25 |
| 11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:36.896 | + 1.973 | 23 |
| 12 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:36.970 | + 2.047 | 8 |
| 13 | Ландо Норис | Мекларен | 1:37.110 | + 2.187 | 28 |
| 14 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:37.201 | + 2.278 | 17 |
| 15 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:37.230 | + 2.307 | 23 |
| 16 | Кевин Магнусен | Хас | 1:37.430 | + 2.507 | 22 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:37.595 | + 2.672 | 24 |
| 18 | Роман Грожан | Хас | 1:37.649 | + 2.726 | 24 |
| 19 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:37.716 | + 2.793 | 18 |
| 20 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:37.784 | + 2.861 | 11 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СОЧИ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:42.311 2015 Нико Хулкенберг - Форс Индија - 1:44.355 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.294 2017 Кими Раиконен - Ферари - 1:36.074 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:34.488 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1:34.462 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:34.923 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||




