Либерти Медија официјално соопшти дека Стефано Доменикали ќе ја преземе улогата на Претседател и извршен директор на Формула 1 од Јануари 2021 година. Чејс Кери, сегашниот Претседател и извршен директор, ќе се пресели во улога на неизвршен директор.
Откако му се придружи на Ламборџини во 2016 година, Стефано Доменикали ја водеше компанијата низ период на исклучителна трансформација, со воведувањето на Urus, повеќе од 700 нови вработувања, двојно зголемување на глобалната продажба и значителен раст на свеста за брендот на светската ниво.
Тој во 2008 година стана Тимски Шеф на Ферари, а под негово водство тимот освои вкупно 14 Титули во Конструктори и Возачи. Од 2009 до 2014 година Доменикали го претставуваше Ферари во Светскиот Совет за Моторни Спортови на ФИА и сè уште му припаѓа на тоа тело до денес. Тој во моментов е Претседател на ФИА Комисијата за едноседи.

