Теоретски најбрзата стратегија е да се стартува на црвените со стинт од 24 круга и потоа да се заврши трката на жолтите гуми. Како еднаква по брзина е сратегијата со избор на гумите по обратен редослед.
Втора најбрза стратегија е исто така со едно застанување во бокс, стартен стинт од 22 круга со жолтите, и потоа стинт од 31 круга на белите гуми.
Близу до обете овие стратегии, но со голема предност во однос на поширок пит-стоп прозорец е стратегија која вклучува почетен стинт од 26 круга на жолтите гуми и потоа завршен стинт од 27 круга на белите гуми. Како и секогаш, ова може да работи и обратно.
Стратегијата со две застанувања е дефинитивно побавна, но најдобриот начин да се стори тоа би биле два стинта од по 16 круга на црвените и еден стинт од 21 круг на жолтите гуми, најверојатно користејќи ги како среден стинт.
Сите возачи во топ 10 на гридот ги користеа меките, црвени, гуми за да го забележат своето најбрзо време во Q2 сесијата, и ќе започнат трката на истите. За време на квалификациите беа измерени 31 степен и 46 степени на асфалтот, температури кои се очекуваат и за денешната трка.
Марио Изола, Пирели: "Сè одеше многу добро од гледна точка на гумите. Трката треба да помине со едно застанување во бокс, но може да се применат различни варијации на оваа стратегија, отворајќи неколку стратешки можности."
"Сите возачи од Топ 10 пласманот трката ќе ја започнат на меките гуми, па затоа ќе биде интересно да се види колку возачи од П11-20 ќе решат да пробаат нешто поразлично со стартување на жолтите или белите гуми, при жешкото време на Монца."
"Мерцедес АМГ беше единствениот тим кој ги употреби жолтите гуми на квалификациите, на кои целосно доминираа црвените гуми, но потврдите смеши треба да играат важна улога во трката. Уште еднаш, видовме нов соборен рекорд, но овој е особено значаен, бидејќи е забележан на најбрзата патека од сите нив, и на нашата домашна трка."
| 2020 ИТАЛИЈАНСКО ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | |
| 1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
| 3. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
| 4. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 5. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
| 6. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
| 7. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
| 8. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
| 9. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
| 10. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
| 11. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
| 12. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
| 13. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
| 14. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
| 15. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
| 16. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
| 17. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
| 18. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
| 19. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
| 20. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|




