Претходно, Британецот доминираше во трката и беше далеку пред сите возачи, што можеби и придонесе за збрката кај Мерцедес АМГ и неговата казна.
На стартот на трката, освојувачот на Пол позицијата, Луис Хамилтон, по лошиот старт на Валтери Ботас, се одлепи на водечката позиција, додека на второто место по првиот свиок се најде Карлос Саинц Јр.
Исто така, Финецот во тимот на Мерцедес АМГ беше поминат и од Ландо Норис во вториот Мекларен и Серџо Перез со Рејсинг Поинт по што се најде на петтото место. Понатаму, Макс Ферстапен со Ред Бул, исто така загуби позиции на стартот. Холанѓанецот од петтата се најде на седмата позиција.
Кога поредокот се стабилизира, Луис Хамилтон започна да се оддалечува од останатите возачи и до 10-от круг беше на шест секунди пред Саинц, кој пак имаше 3.5 секунди пред својот тимски колега, Ландо Норис.
Кога сите очекувавме уште една досадна трка и лесна Победа на Шампионот, трката доби неочекуван заплет, кога во 17-от круг откажа болидот на Кевин Магнусен, по што Данецот се паркираше покрај патеката во близина на влезот во боксевите.
Беше распореден безбедносниот автомобил, по што Хамилтон се упати кон своите механичари по нов сет на гуми. Но, како што подоцна се покажа, лидерот во трката влегол во бокс кога тој беше веќе затворен за да се обезбеди безбедно отстранување на болидот на Хас.
Откако болидот на Магнусен беше отстранет, боксот беше отворен и речиси сите возачи влегоа по нови гуми, непосредно пред брзото продолжување на трката.
Сепак, само неколку моменти од рестартирањето, трката беше повторно стопирана, кога Чарлс Леклер при голема брзина ја изгуби контролата на излезот од Параболика и заврши во бариерите покрај патеката. Заштитните бариери од гуми беа значително деформирани, по што трката беше стопирана со црвено знаме, како тие биле поправени.
Трката по скоро 30-минутна пауза продолжи со, според новите правила, стоечки старт. Стартниот редослед во тој момент беше Хамилтон, на кого во меѓувреме му беше изречена казна 10 секунди STOP/GO, Ленс Строл, Пјер Гасли, болидите на Алфа Ромео, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци, Карлос Саинц Јр., Ландо Норис, Валтери Ботас, Николас Латифи на Вилијамс и Даниел Рикиардо од Рено.
Луис Хамилтон ја задржа првата позиција, додека Пјер Гасли успеа да го претекне Ленс Строл за во тој момент второто место. На крајот од кругот Британецот се упати кон боксевите за да ја издржи својата казна. Пјер Гасли го презеде водството на трката. Понатаму, Ферстапен исто така се упати кон својата гаража и се повлече од трката поради проблеми со Хонда ПЕ.
Карлос Саинц Јр. почна со потерата по водечкиот АлфаТаури, но тој успеваше да намалува само околу две десетинки по круг. На два круга пред крајот успеа да влезе во ДРС-зоната на Пјер Гасли и во последниот круг доби шанса за напад, но Французинот успеа да се одбрани, по што успеа да ја забележи својата Прва Победа во кариерата, со 0.4 делови од секундата пред возачот на Мекларен.
Освен што ја освои првата победа за АлфаТаури како бренд, Гасли стана само вториот возач што победил за тимот од Фаенца, откако Себастијан Ветел беше победник во 2008 година за Торо Росо.
Ленс Строл го комплетираше неверојатниот подиум, со Ландо Норис на четвртото место. Валтери Ботас имаше многу лоша трка со пласман на петтото место пред Даниел Рикиардо и Луис Хамилтон кој стигна до седмото место.
Осмото место му припадна на Естебан Окон, а последните две места кои носат поени беа за Даниел Квјат во вториот болид на АлфаТаури и Серџо Перез со Рејсинг Поинт.
| 2020 ИТАЛИЈАНСКО ГРАН ПРИ - МОНЦА 53 круга, 306.720км., Време: Сончево |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | РАЗЛИКА |
| 1. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1ч47:06.056 |
| 2. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 0.415 |
| 3. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 3.358 |
| 4. | Ландо Норис | Мекларен | + 6.000 |
| 5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 7.108 |
| 6. | Даниел Рикиардо | Рено | + 8.391 |
| 7. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 17.245 |
| 8. | Естебан Окон | Рено | + 18.691 |
| 9. | Даниел Квјат | АлфаТаури | + 22.208 |
| 10. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 23.224 |
| 11. | Николас Латифи | Вилијамс | + 32.876 |
| 12. | Роман Грожан | Хас | + 35.164 |
| 13. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 36.312 |
| 14. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 36.593 |
| 15. | Алекс Албон | Ред Бул | + 37.533 |
| 16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 55.199 |
| НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН - 1:22.746 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
| 17. | Макс Ферстапен | Ред Бул | дефект |
| 18. | Чарлс Леклер | Ферари | излетување |
| 19. | Кевин Магнусен | Хас | дефект |
| 20. | Себастијан Ветел | Ферари | сопирачки |
| ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч19:10.236 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч18:00.688 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч17:28.089 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч15:32.312 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч16:54.484 2019 Чарлс Леклер - Ферари - 1ч15:26.665 2020 Пјер Гасли - АлфаТаури - 1ч47:06.056 @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| ***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 08/17*** | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Луис Хамилтон | 164 | |
| 2. | Валтери Ботас | 117 | |
| 3. | Макс Ферстапен | 110 | |
| 4. | Ленс Строл | 57 | |
| 5. | Ландо Норис | 57 | |
| 6. | Алекс Албон | 48 | |
| 7. | Чарлс Леклер | 45 | |
| 8. | Пјер Гасли | 43 | |
| 9. | Карлос Саинц Јр. | 41 | |
| 10. | Даниел Рикиардо | 41 | |
| 11. | Серџо Перез | 34 | |
| 12. | Естебан Окон | 30 | |
| 13. | Себастијан Ветел | 16 | |
| 14. | Нико Хулкенберг | 6 | |
| 15. | Даниел Квјат | 4 | |
| 16. | Антонио Џовинаци | 2 | |
| 17. | Кевин Магнусен | 1 | |
| 18. | Николас Латифи | 0 | |
| 19. | Кими Раиконен | 0 | |
| 20. | Роман Грожан | 0 | |
| 21. | Џорџ Расел | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 281 | |
| 2. | Ред Бул | 158 | |
| 3. | Мекларен | 98 | |
| 4. | Рејсинг Поинт(-15) | 82 | |
| 5. | Рено | 71 | |
| 6. | Ферари | 61 | |
| 7. | АлфаТаури | 47 | |
| 8. | Алфа Ромео | 2 | |
| 9. | Хас | 1 | |
| 10. | Вилијамс | 0 | |







