Ова е патека специјализирана за тимот на Мерцедес АМГ, и тука се без пораз откако Сочи се приклучи на Ф1 календарот во 2014 година. Но, не беше се едноставно за нивните возачи, со многу блокирања на тркалата и мали излтувања за двајцата возачи. Но, кога ќе комплетираа круг без поголеми грешки, Црните стрели, изгледа дека за овој тркачки викенд ќе немаат поголема конкуренција.
На дeнешните тренинг сесии во добро светло се прикажа Даниел Рикиардо, па Автралијанецот е возач на кој треба да се внимава. Се чини дека неговата доверба во болидот на Рено расте со секоја измината трка, и оваа патека се чини дека одговара на силните страни на R.S.20. Во Муџело за малку му избега подиумот, па да видиме како ќе продолжи овој викенд.
Второ и трето место на двете тренинг сесии е добар почеток, особено по проблемите на Ред Бул и Рејсинг Поинт. Според прикажаните резултати, ќе има конкуренција во возачите на Мекларен. Саинц, кој заврши во бариерите на претпладневниот тренинг, беше подобар за една десетинка од секундата од својот тимски колега, Ландо Норис на 5-то место.
Серџо Перез со стариот болид на Рејсинг Поинт го имаше шестото место, за разлика од тимскиот колега, Ленс Строл, кој го возеше болидот со најновите ажурирања. Канаѓанецот имаше извртување на почетокот на сесијата, пред да не успее да забележи квалификациски симулациски круг.
Со оглед на тоа што Ферари донесене модифицирано задно крило во Русија, тие изгледаа за нијанса подобри, на патека со голема побарувачка за коњски сили од ПЕ, со Чарлс Леклер и Себастијан Ветел на осмо и десетто место на табелата, но двајцата возачи најверојатно повторно од петни жили ќе се борат за пласман во 10-те најбрзи возачи.
Естебан Окон во вториот болид на Рено финишираше со 9-тото најбрзо време и продолжува да бележи полоши времиња, во однос на неговиот тимски колега, Рикиардо.
Квалификациите за ГН на Русија започнуваат во 14:00 часот со директен пренос на Телевизија 24 Вести, додека саботниот тренинг ќе се одвива од 11:00-12:00 MK.
| 2020 РУСИЈА ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:33.519 | 37 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.786 | + 0.267 | 33 |
| 3 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:34.577 | + 1.058 | 27 |
| 4 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:34.723 | + 1.204 | 36 |
| 5 | Ландо Норис | Мекларен | 1:34.847 | + 1.328 | 33 |
| 6 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:34.890 | + 1.371 | 35 |
| 7 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:35.048 | + 1.529 | 30 |
| 8 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:35.052 | + 1.533 | 35 |
| 9 | Естебан Окон | Рено | 1:35.139 | + 1.620 | 28 |
| 10 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:35.183 | + 1.664 | 35 |
| 11 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:35.210 | + 1.691 | 35 |
| 12 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:35.242 | + 1.723 | 31 |
| 13 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:35.461 | + 1.942 | 37 |
| 14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:35.516 | + 1.997 | 33 |
| 15 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:35.563 | + 2.044 | 31 |
| 16 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:35.575 | + 2.056 | 30 |
| 17 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:35.627 | + 2.108 | 34 |
| 18 | Кевин Магнусен | Хас | 1:35.729 | + 2.210 | 32 |
| 19 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:36.053 | + 2.534 | 36 |
| 20 | Роман Грожан | Хас | 1:36.858 | + 3.339 | 32 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - СОЧИ 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.630 2015 Фелипе Маса - Вилијамс - 2:00.458 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.583 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:34.120 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:33.385 2019 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:33.162 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:34.577 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||



