Чарлс Бредли, главен уредник на веб страницата Мотоспорт, по завршувањето на трката за ГН на Русија, од близок пријател добил порака: Дали Луис знае дека постанува личност која што кога ќе изгуби во фер натпревар, постојано лелека за тоа, обвинувајќи ги сите околу себе за неговиот пораз, освен самиот себе?!?
Неговиот одговор бил цитат на претходникот на Тото Волф, Норберт Хауг, кој секогаш велел: "Посочи ми добар губитник и јас ќе ти посочам губитник!"
"Мислам дека стјуардите на трката беа сосема во право кога ги изрекоа временските казни, бидејќи тоа беше јасно прекршување на правилата која што му даде потенцијална предност на Луис Хамилтон да вежба старт процедура во област со помалку гума на асфалтот, нешто за што никој друг возач немаше шанса."
"Плус, ми изгледаше прилично опасна ситуација, имајќи болиди кои поминуваат покрај него, забрзувајќи до полна брзина, а знаеме дека возачите честопати гледаат надолу кон воланот за да ги подесат точните поставки за инсталациските кругови."
"Не сум сигурен дека повлекувањето на казнените поени од неговата Ф1 лиценца беше добар потег."
"Секако, тимот погрешно му рече дека може да го стори тоа, но тој е одговорен за своите постапки. Или е правилно или погрешно, како и да е, правилникот треба да се почитува во секој аспект, а со таквите одлуки создавате непотребно лоша атмосфера за себе."
МОТОСПОРТ: ДАЛИ ХАМИЛТОН Е ОГОРЧЕН ГУБИТНИК
9/29/2020 12:37:00 PM
0
Share to other apps

