Втората тренинг сесија за Големата Награда на Ајфел започна на ист начин како и првата, со порака од ФИА дека медицинскиот хеликоптер, доколку е потребно, нема да може да стигне до болницата во Кобленц, па зеленото светло на излез од пит-линијата на беше запалено. Дождот продолжи да паѓа помеѓу тренинг сесиите, времето не се подобри и до почетокот на попладневниот тренинг, а температурата беше дури и во благо опаѓање.
Оваа сезона, Големата Награда на Емилија-Ромања на патеката Имола ќе биде дводневна, без петочни тренинг сесии, но поради временските неприлики, тимовите можеа да го тестираат овој формат за прв пат веќе на Нирбургринг. Сесијата повторно беше одложена двапати за половина час, а потоа беше откажана.
Најразочарани беа фановите на трибините, кои дојдоа да го гледаат враќањето на Формула 1 на Нирбургринг и појавувањето на Мик Шумахер зад воланот на Алфа Ромео, но седеа три часа на студено и дождливо време без никаква активност на асфалтот. Прогнозата за утре најавува посвежо, но сепак суво време.
Ф1 дебито на Шумахер и Илот во Формула 1 е одложено, и тоа според Матија Биното, најверојатно до Абу Даби: "Секако, ќе се обидеме да им овозможиме настап и на некоја од следните трки, но тоа ќе биде многу тешко. На пример, следната трка од сезоната ќе се одржи во Портимао, и ова е нова патека за сите, а главните возачи на тимовите исто така ќе имаат потреба да тренираат."
"Следно ќе имаме викенд во Имола, но таму програмата е намалена на два дена, па сите сесии ќе се одржат во сабота и недела, потоа ќе го имаме Турскотот ГП, исто каде ќе тренираат и нашите главни возачи. Потоа следува Бахреин, каде ќе се одржат две трки во Формула 2 и Мик ќе треба целосно да се фокусира на борбата за шампионската титула. Затоа, следната можност за да седнат зад воланот на Формула 1 болид ќе се појави во Абу Даби, тешко порано. За жал, викендов оваа шанса беше испуштена, но времето не остави никаков избор."
2020 АЈФЕЛ ГП: БЕЗ АКЦИЈА НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
10/09/2020 05:20:00 PM
0
Share to other apps