На Нирбургринг утринава беше студено и облачно. Покрај дождот се појави и магла која ја покри патеката. Во вакви услови, доколку е потребно, медицинскиот хеликоптер не можеше да полета до најблиската болница, времето таму беше уште полошо, а патувањето со амбулатно возило ќе траеше премногу време, па почетокот на првиот тренинг, како што секогаш се случува во такви ситуации, беше одложен.
Стоперката одбројуваше време, но црвеното светло на излезот од пит-линијата не им дозволуваше возачите да ги напуштат своите гаражи. Прво, сесијата беше одложена за половина час, а потоа за уште половина час, и на крајот беше целосно откажана.
Двајцата најдобри возачи во тековната сезона во Формула 2, членовите на Младинската Академија на Ферари, Мик Шумахер и Калум Илот, требаше да го одработат првиот тренинг зад воланот на болидите на Алфа Ромео и Хас, но поради времето тие не успеаа да дебитираат во Ф1 шампиoнатот. Својата шанса ќе ја чекаат на некои од следните Гран При викенди.
ОТКАЖАН ПРВИОТ ТРЕНИНГ НА НИРБУРГРИНГ
10/09/2020 12:44:00 PM
0
Share to other apps