Луис Хамилтон ќе стартува веднаш до него на првиот стартен ред. Макс Ферстапен се обиде, беше најблиску да ги победи црните стрели, но на крај не успеа, па мораше да се задоволи со стандардна позиција, најдобар од останатите. Чарлс Леклер со Ферари имаше извонреден последен брз круг, па успеа да се пласира на вториот ред, заедно со Холанѓанецот.
Нирбургринг нема премногу долги правци, па можеби затоа на оваа патека Италијанците се покажаа во подобро светло. Сепак, прашање е дали можат да направат нешто повеќе на утрешната трка. Последниот нивни подиум беше пред седум трки.
За разлика од Моначанецот, Себастијан Ветел на домашен терен повторно беше значително побавен, а од Ферари потврдија дека најновите надградби се вградени на двата болиди. Германецот ќе стартува од 11-тата позиција и на тој начин има на располагање слободен избор на гуми.
На почетокот на денешната тренинг сесија, од гаражата на Рејсинг Поинт излезе само еден болид, тој на Серџо Перез, за наскоро да биде известено дека Ленс Строл не се чувствува добро и нема да може да учествува на сесијата. Непосредно пред почетокот на квалификациите од тимот на Рејсинг Поинт стигна официјална потврда дека Нико Хулкенберг ќе го замени Ленс Строл во остатокот од тркачкиот викенд за ГН на Ајфел.
Германецот веќе беше замена за Серџо Перез на двете трки во Силверстоун, а од тимот велат дека имале среќа што тој бил во близина, и што го носат неговото седиште на секоја трка. Што се однесува до освојувањето на последната стартна позиција, не е толку изненадување, не може да се потцени колку е тешко да се седне во денешниве Ф1 болиди на нова патека и да се извози перфектен круг без ни малку време за тренинг. Очекуваме да напредува во трката, дождот би му помогнал во тоа.
На Алекс Албон вториот стартен ред му избега за само 12 илјадитинки, но успеа да се пласира пред двоецот на Рено, Даниел Рикиардо на 6-тата и Естебан Окон на 7-та стартна позиција. Карлос Саинц Јр. беше последен од Топ 10 пласманот, зад Перез и две и пол десетинки побавен од неговиот тимски колега, Ландо Норис, на П8.
Ниту еден тим нема доволно податоци од само една тренинг сесија за да се чувствува целосно сигурен во стратегиите за трката, а само Кевин Магнусен ги испроба белите гуми на оваа патека. Тоа во комбинација со непредвидливото време може да ни донесе интересна трка за ГН на Ајфел, која стартува утре во 14:10 часот со директен пренос на Телевизија 24Вести.
2020 АЈФЕЛ ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:25.269 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.525 | + 0.256 |
3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:25.562 | + 0.293 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари |
1:26.035 | + 0.767 |
5. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:26.047 | + 0.778 |
6. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:26.223 | + 0.954 |
7. | Естебан Окон | Рено | 1:26.242 | + 0.973 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:26.458 | + 1.189 |
9. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:26.704 | + 1.435 |
10. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:26.709 | + 1.440 |
Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:25.390 | ||||
11. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:26.738 | + 1.348 |
12. | Пјер Гасли | АлфаТаури |
1:26.776 | + 1.386 |
13. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:26.848 | + 1.458 |
14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео |
1:26.936 | + 1.546 |
15. | Кевин Магнусен | Хас | 1:27.125 | + 1.735 |
Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:26.319 | ||||
16. | Роман Грожан | Хас | 1:27.552 | + 1.233 |
17. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:27.564 | + 1.245 |
18. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:27.812 | + 1.493 |
19. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:27.817 | + 1.498 |
20. | Нико Хулкенберг | Рејсинг Поинт | 1:28.021 | + 1.702 |
107% време: 1:32.361 | ||||
НИРБУРГРИНГ
2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:25.269
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |