Според инженерите на Пирели најбрзата стратегија за денешната трка, која се состои од 60 круга е со две застанување во бокс за промена на пневматиците, но, бидејќи патеката не се користеше за Формула 1 трки од 2013 година и без петочните тренинг сесии, стратегијата е дискутабилна за сите тимови.
Како додаток на тактичката сложеност е и фактот што е најавена можност за влажна патека, и сигурно ќе биде студено, што го прави уште потешко точното предвидување на однесувањето на гумите.
Еволуцијата на болидите и гумите од последниот пат кога Ф1 беше на Нирбургринг значеше дека рекордот на патеката, поставен од Михаел Шумахер уште во 2004 година, 1:28.351, веќе беше соборен од поголемиот дел од возачите на саботниот тренинг.
Теоретски, стратегијата со две застанувања во бокс е најбрза за трката. Најбрзата варијанта се состои од почетен стинт од 19 круга на меките гуми, потоа среден стинт од 22 круга на жолтите гуми, и завршен стинт повторно на црвените гуми. Како и обично, оваа комбинација на смеши може да се користи по кој било редослед.
Втора по брзина стратегија повторно е со две застанувања во бокс, кога имаме почетен стинт од 18 круга на меките гуми, и два стинта од по 21 круга на медиум гумите.
Најбавната стратегија е со едно застанување во бокс, преминувајќи од медиум на тврдите гуми по 29 круга, или пак спротивно, возејќи почетен стинт од 31 круга, па потоа завршен стинт на медиум гумите. Податоците сугерираат дека не е возможна стратегија со употреба на медиум и меката смеша.
Марио Изола, Пирели: "Конечно, во сабота видовме одредена акција на Нирбургринг. Возачите настапија во квалификациите со само еден час подготовка. Како резултат, има голем број на непознати за денешната трка, бидејќи Формула 1 карванот за последен пат на Нирбургринг беше во 2013 година, а тимовите имаат многу малку податоци за да продолжат."
"Една од тие непознати е времето, кое се очекува да биде уште постудено и евентуално влажно. Ако остане суво, сите возачи од Топ 10 редоследот ќе стартуваат на меките, црвени гуми, со што се отстранува една променлива, но што ќе се случи после тоа, останува да видиме."
"На овие екстремно ниски температури, се забележа мал грејнинг на гумите, но тоа се очекуваше. Сепак, како што се поставуваше повеќе гума на асфалтот и тимовите го прилагодуваа балансот на болидите, ситуацијата се подобри. Грижата за гумите ќе биде клучна, во она што треба да биде прилично непредвидлива трка со неизвесна временска прогноза."
2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА АЈФЕЛ СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
2. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
4. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
5. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
6. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
7. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
8. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
9. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
10. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
12. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
13. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
14. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
15. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
16. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
17. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
18. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
19. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
20. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |