На почетокот на трката Луис Хамилтон од П2 имаше подобар старт од неговиот тимски колега Ботас, но, на влез од првиот свиок, Финецот се обиде да претекнува од надворешната страна, потег што ги испрати двата болиди на Мерцедес АМГ далеку од иделната тркачка линија. Ферстапен се обиде да искористи, но Хамилтон и Ботас беа пребрзи, со тоа што Ботас некако го врати првото место пред неговиот тимски колега. Зад нив, Алекс Албон имаше слаб старт од П5 на гридот и беше претекнат од Даниел Рикиардо со болидот на Рено. Тајландскиот возач се обиде да возврати веќе во следниот свиок, но неуспешно, по што Австралијанецот се одлепи и започна да го брка Чарлс Леклер со Ферари.
Потоа трката за кратко се смири, но во 12-от круг предните тркала на Валтери Ботас блокираа, па тој не успеа да го "фати" првиот свиок, и лидерот во шампионатот, Луис Хамилтон, ја искористи шансата да го претекне и да ја поведе трката. Финецот мораше во бокс по нови гуми. По неколку моменти од промената на водството, повторно се смени текот на трката, кога Џорџ Расел беше вклучен во судир со Кими Раиконен, кога ветеранот прекасно кочеше на влез во првиот свиок, по што Вилијамсот отскокна надвор од патеката.
Расел се обиде да стигне до својата гаража, но штетата беше преголема и тој беше принуден да се паркира покрај патеката. Следуваше период на ВБА, кој беше искористен од Луис Хамилтон и Макс Ферстапен за промена на нивните пневматици.
Повторно следуваше мирен период на трката, а Хамилтон по комплетирани 42 круга беше во целосна контрола на истата, со предност од 9 секунди пред Ферстапен и цела една минута пред третопласираниот Даниел Рикиардо со Рено. Кога сите очекуваа досаден финиш, мала искра донесе откажувањето на Ландо Норис, кој исто така мораше да го паркира неговиот Мекларен покрај патеката, по проблемите со погонската единица кои што го мачеа во поголемиот дел од трката.
Беше распореден безбедносиот автомобил и тоа предизвика налет кон боксевите, а тоа го искористи и водечката тројка која премина на црвените гуми.
По рестартот на трката, Хамилтон го задржа водството, но Ферстапен, кој имаше мало блокирање на тркалата, за малку не беше претекнат од Даниел Рикиардо на влез во првиот свиок. Холанѓанецот успеа да затвори, по што неговиот поранешен тимски колега не успеа да стигне до второто место. Рикиардо остана на третото место пред Перез и Саинц Јр., но зад нив Пјер Гасли успеа да го претекне Чарлс Леклер за шестото место. И тоа беше тоа, трката повторно се смири.
Единствената останата непознаница беше кој ќе го има најбрзиот круг, а прв по него во 58-от круг тргна Хамилтон и забележа време од 1:28.145, но Ферстапен како да сакаше да докаже дека Биковите ја намалиле разликата до Мерцедес АМГ, подобрувајќи го времето на Британецот за шест илјадитинки во последниот круг од трката.
Зад најдобрите двајца, Рикиардо го забележа својот прв пласман на подиумот по победата со Ред Бул во Монако 2018 година. Серџо Перез го задржа четвртото место за Рејсинг Поинт, пред Карлос Саинц Јр., Пјер Гасли и Чарлс Леклер. Суперзамената на Рејсинг Поинт, Нико Хулкенберг заврши на импресивното осмо место, откако трката ја започна од последната 20-та позиција. Роман Грожан по подолго време освои два поени со болидот на Хас, додека Топ 10 пласманот го заокружи Антонио Џовинаци со болидот на Алфа Ромео.
2020 АЈФЕЛ ГРАН ПРИ - ТРКА 60 круга, 304.356km., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1h35:49.641 |
2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 4.470 |
3. | Даниел Рикиардо | Рено | + 14.615 |
4. | Серџо Перез | Рејсинг поинт | + 16.070 |
5. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | + 21.905 |
6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 22.767 |
7. | Чарлс Леклер | Ферари | + 30.814 |
8. | Нико Хулкенберг | Рејсинг Поинт | + 32.596 |
9. | Роман Грожан | Хас | + 39.081 |
10. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 40.035 |
11. | Себастијан Ветел | Ферари | + 40.810 |
12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 41.476 |
13. | Кевин Магнусен | Хас | + 49.585 |
14. | Николас Латифи | Вилијамс | + 54.449 |
15. | Даниел Квјат | АлфаТаури | + 55.588 |
НАЈБРЗ КРУГ: МАКС ФЕРСТАПЕН - 1:28.139 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
16. | Ландо Норис | Мекларен | дефект |
17. | Алекс Албон | Ред Бул | дефект |
18. | Естебан Окон | Рено | дефект |
19. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | дефект |
20. | Џорџ Расел | Вилијамс | Судир |
НИРБУРГРИНГ 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч35:49.641 @MkFormula1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 11/17 ТРКИ | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 230 | |
2. | Валтери Ботас | 161 | |
3. | Макс Ферстапен | 147 | |
4. | Даниел Рикиардо | 78 | |
5. | Серџо Перез | 68 | |
6. | Ландо Норис | 65 | |
7. | Алекс Албон |
64 | |
8. | Чарлс Леклер | 63 | |
9. | Ленс Строл | 57 | |
10. | Пјер Гасли | 53 | |
11. | Карлос Саинц Јр. | 51 | |
12. | Естебан Окон | 36 | |
13. | Себастијан Ветел | 17 | |
14. | Даниел Квјат | 14 | |
15. | Нико Хулкенберг |
10 | |
16. | Антонио Џовинаци | 3 | |
17. | Кими Раиконен | 2 | |
18. | Роман Грожан | 2 | |
19. | Кевин Магнусен | 1 | |
20. | Николас Латифи | 0 | |
21. | Џорџ Расел | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 391 | |
2. | Ред Бул | 211 | |
3. | Рејсинг Поинт(-15) | 120 | |
4. | Мекларен | 116 | |
5. | Рено | 114 | |
6. | Ферари | 80 | |
7. | АлфаТаури | 67 | |
8. | Алфа Ромео | 5 | |
9. | Хас | 3 | |
10. | Вилијамс | 0 |