Фернандо Алонсо се врати зад воланот на Формула 1 болид, првпат по скоро две години пауза, на филмскиот ден што тимот на Рено го имаше на патеката Каталуња, Барселона, Шпанија. Двократниот Шампион го возеше нивниот тековен болид, R.S.20, кој го забележа својот прв пласман на победничкиот подиум на трката за Големата Награда на Ајфел, возена минатиот викенд. Шпанецот комплетираше 21 круг, т.е. 100 километри како што е наложено со прописите на ФИА.
Тоа беше кам-бек на домашен терен, каде дваесет години претходно, дебитираше за претходниците на Рено, Бенетон, на истата оваа патека. Исто така, тој има 2 Победи на Шпанското Гран При, во 2006 и 2013 година, и уште пет пласмани на подиумот. Како што веќе знаете Фернандо Алонсо ќе се врати во Ф1 Шампионатот со полно работно време од 2021 година.
Какво e чувството да се вратиш зад воланот на Ф1 болид, првпат по скоро две години?
Чувството е неверојатно, да можеш да ги возиш овие болиди по две години и повторно да ја почувствуваш брзината, како сè доаѓа толку брзо, свиок по свиок, перформансите на сопирачките и сите работи што може да ги понуди болид на Формула 1. Да го почувствувам тоа уште еднаш беше навистина убаво. (Последен пат Фернандо возеше Ф1 болид во Април 2019 година, Мекларен, Бахреин)
Дали се чувствуваше посебно што кам-бекот го направи на домашен терен во Шпанија?
Секако. Имам посебни сеќавања од Каталуња. Се сеќавам на 2000 година, го возев болидот на Бенетон на оваа патека со момците од Енстоун. Сега, во 2020 година, тоа е со болид на Рено, така што ова е посебна патека и имам многу убави спомени тука. Тоа е патека што ја знам многу добро, па затоа беше добар ден.
Која беше програмата за денес?
Поголемиот дел од денот беше за снимање со дронови и одредена акција зад камерата. Во исто време, стануваше збор за навикнување на работа со тимот и да го почувствувам болидот. Ова се работи за следната година, и кои за време на зимската пауза не би можеле да се испробаат. Тоа се нашите први чекори.
Кои се твоите впечатоци за R.S.20?
Мислам дека болидот беше убаво изненадување. Знаеме дека тој се претстави добро на последните неколку трки и го почувствував грипот и секако има добар потенцијал во него. Последен пат возев мотор на Рено во 2018 година и почувствував чекор напред, што е доста важно. Сè се чувствуваше добро. Не бев во можност да ги искусам максималните перформансите на болидот, бидејќи сè уште не сум во топ форма, но задоволен сум од денот.
Двапати го посетивте тимот во Енстоун и еднаш во Вири, сега овој тест, дали се чувствувате како дома?
Се чувствував како дома веќе од првиот ден. Во Енстоун и во овој тим владее оваа атмосфера дека сè е толку едноставно и логично сè што прават. Мене ми е пријатно со Рено. Многу луѓе кои работеа денес, работеа како механичари во моите денови со тимот. Кога ги познавате лицата и тимот, сè доаѓа малку полесно.
Дали ја гледаше трката во Германија и како се чувствуваше кога го виде првиот подиум на Рено во последните 10 години?
Апсолутно, ја гледам секоја трка. Го следам секој круг. Подиумот беше многу заслужен, конечно. Јас сум многу среќен за сите. Кирил можеби беше малку загрижен за тетоважата, но освен тоа, тоа беше фантастичен момент.
Дали му честитавте на тимот?
Да. Го чекав последниот круг. Бев толку среќен за сите. Ја напишав пораката, а потоа го држев прстот на ИСПРАТИ се до моментот кога Даниел ја премина целната линија. Не сакав да донесам лоша среќа!
Кирил ве опиша како гладна ајкула, дали резултатот од неделата направи да се чувствувате уште погладен?
Јас сум истиот и по неделата. Знам за што е способен тимот и знам дека изгледите за во иднина се добри. Подиумот е нешто што мораше да се случи. Најважно е да го следиме трендот што го гледаме сега, да го задржиме интензитетот во следната година, особено за 2022 година и мислам дека знаеме како да го направиме тоа.
ФЕРНАНДО АЛОНСО ДЕБИТИРАШЕ СО ТИМОТ НА РЕНО
10/15/2020 09:51:00 PM
0
Share to other apps