За овој викенд Формула 1, по повеќе од една деценија, се враќа во Португалија на меѓународната патека Алгарве, која во мотоспорт заедницата е попозната како Портимао, поради името на блискиот град во јужна Португалија. Патеката може да се пофали со одредени епски свиоци, драматични промени во елевацијата и должина од 4.653км. На некој начин е прилично слична на патеката Муџело, која што пред неколку недели ни приреди одлична трка, па нема ниту една причина да не уживаме во добра трка и овој викенд.
Трката во Портимао ќе биде четврта со гледачи оваа сезона, и втора по посетеност. Во Муџело, помалку од три илјади луѓе беа дозволени дневно, во Сочи имавме над 30 илјади гледачи, а португалската влада дозволи влез на трибините на само 27 илјади гледачи, во последен момент двојно помалку од планираното. До промената беа продадени 38.600 билети, па сега организаторите ќе имаат проблем кои сопственици на билети ќе бидат пуштени на трибините, а кои не.
Логиката налага дека тие со поскапи билети ќе имаат предност, но од друга страна географската припадност може да биде одлучувачка. На влезот на патеката, ќе им биде мерена температура на фановите, секој од нив ќе има свое место на трибините, кое не ќе може да се менува. Гледачите ќе заземат места на трибините во согласност со нивното место на живеење со цел да се спречи ширењето на инфекцијата меѓу регионите.
За разлика од Нирбургринг, каде тимовите можеа да се потпрат на одредени историски податоци, Портимао не само што ќе бара обемна работа на тимските симулатори, туку и тековно проучување на динамиката на болидот, однесувањето на гумите и стратегијата за време на викендот.
Ако се погледне конфигурацијата на патеката, може да се помисли дека таа е во категоријата на брзи патеки, но всушност тоа е повеќе патека со ниска брзина. Времето поминато при мала брзина, всушност ја прави нешто побавна од Барселона, Нирбургринг и Хунгароринг. Генерално, Алгарве може да се опише како бавна, но со некои карактеристики на брза патека.
Патеката Алгарве, најверојатно ќе бара прилично високо ниво на потисна сила, ставајќи акцент на добриот грип при излез од свиоците. Пронаоѓањето на оптималниот баланс на болидите ќе биде попредизвикувачко поради недостаток на податоци и реалното искуство на асфалтот со болидите од хибридната ера.
За Големата Награда на Португалија ќе бидат користени C1, C2 и C3 како бели, жолти и црвени гуми, што значи враќање кон најтврдите смеши за прв пат по Муџело. Временските услови и количината на енергија која ќе делува на гумите низ свиоците ќе одредат колку ќе биде употреблива C1 смешата за време на викендот.
Портимао се наоѓа на јужниот брег на Португалија, што значи дека брзината и насоката на ветерот ќе бидат клучен фактор за време на викендот. Секоја ненадејна промена може радикално да го смени балансот на болидот и да влијае на времињата по круг или за време на еден стинт.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
ТРЕНИНГ 1 | 12:00-13:30 MK | Делумно Сончево, 20/22°C | |
ТРЕНИНГ 2 | 16:00-17:30 MK | Сончево, 21/22°C | |
ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Делумно Сончево, 19/22°C | |
КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | Делумно Сончево, 20/21°C | |
ТРКА | 14:10 MK | Делумно Сончево, Врнежи 57% 20/19°C |
|
Извор: Accuweather | |||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
ТОЧКА НА НАЈГОЛЕМО ОПТЕРЕТУВАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ.
Според техничарите на Брембо, патеката Алгарве е оценува како просечна за сопирачките. На скала од 1 до 5, индексот на тежина е 3, најниска од сите трки одржани во изминатите два месеци. Од седумте точки за сопирање на оваа патека, две се класифицирани како предизвикувачки за сопирачките, четири се со средна тешкотија и само една е лесна.Најтешкиот дел за сопирање е петтиот свиок, кога болидите од 318км/ч намалуваат до 84км/ч за време од 2.72 секунди и растојание од 122 метри. За да го сторат тоа, од возачите се бара да нанесат товар од 135 кг на педалот на сопирачките и да се подложат на сила од 5.1Г при забавувањето. До крајот на 2020 сезоната има уште шест трки, но предноста на Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ е толку голема што Шампионот и освојувачот на Титулата кај конструкторите најверојатно ќе бидат решени наскоро. Судбината на Титулата кај конструкторите може да биде одлучена веќе овој викенд, доколку Мерцедес АМГ забележи 1-2 Победа, додека Ред Бул не успее да забележи поени.
Во генералниот пласман на возачи, математички, четири возачи сè уште имаат шанси за титулата, но всушност, Хамилтон треба да заврши само трет на преостанатите трки за да ја освои седмата Титула, изеднувајќи го рекордното достигнување на Михаел Шумахер.
Временскиот распоред сеуште е со Европска саатница, со Квалификациите во Сабота, 15:00 часот и Трка, Недела, во 14:10 часот по Македонско време. Подетално на следниот ЛИНК.