Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на квалификациите за Голема Награда на Португалија, која се вози на патеката Алгарве. Валтери Ботас, неговиот тимски колега веднаш до него на првиот стартен ред. Стандардно, Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул со трето најбрзо време, а друштво на вториот ред ќе му прави Чарлс Леклер со Ферари.
Времето во Портимао беше одлично, патеката веднаш стана популарна кај сите возачи, но новиот асфалт поставен неколку недели пред почетокот на викендот создаваше проблеми повеќе од потребното. Болидите немаа доволно грип, а беше потешко и да се загреат гумите на Пирели, па дури и најмеката смеша многумина ја нарекоа премногу тврда за овој асфалт.
Во Q1 сесијата сите возачи излегоа на црвените гуми, а тесна патека значи и многу гужва на асфалтот, па се покажа дека е потешко да се најде оптималната позиција на патеката за да се извози круг без проблеми. Возачите невообичаено комплетираа повеќе кругови во низа како би ги довеле гумите во оптималната работна температура. Најбрз беше Луис Хамилтон, а од понатамошната борба испаднаа: Раиконен, Џовинаци, Грожан, Магнусен и Латифи.
Во Q2 возачите на Мерцедес АМГ и Ферари излегоа на патеката на жолтите гуми во својот прв обид, очекувајќи утре трката да ја започнат на таа смеша. Ботас, Хамилтон и Леклер успеаја во својата намера, додека Себастијан Ветел, нити со црвените гуми, во вториот обид, не успеа да обезбеди Топ 10 пласман. Останатите возачи останаа верни на најмеката смеша.
Серџо Перез го спречи Пјер Гасли во брз круг, а стјуардите во моментите додека го пишуваме овој извештај, го разгледуваат инцидентот.
Во последните секунди од сесијата, Рикиардо изгуби контрола врз својот болид и излета, удирајќи со задното крило во бариерите покрај 11-от свиок. Контактот беше минимален, па тој успеа да се врати во својата гаража.
Најбрз беше Валтери Ботас, а квалификациите завршија за Окон, Строл, Квјат, Расел и Ветел.
Во финалната Q3 сесија, Алекс Албон излезе на жолтите гуми, бидејќи никако не можеше да ги натера црвените да работат како што сака, додека останатите ги избраа црвените гуми.Времето во Портимао беше одлично, патеката веднаш стана популарна кај сите возачи, но новиот асфалт поставен неколку недели пред почетокот на викендот создаваше проблеми повеќе од потребното. Болидите немаа доволно грип, а беше потешко и да се загреат гумите на Пирели, па дури и најмеката смеша многумина ја нарекоа премногу тврда за овој асфалт.
Во Q1 сесијата сите возачи излегоа на црвените гуми, а тесна патека значи и многу гужва на асфалтот, па се покажа дека е потешко да се најде оптималната позиција на патеката за да се извози круг без проблеми. Возачите невообичаено комплетираа повеќе кругови во низа како би ги довеле гумите во оптималната работна температура. Најбрз беше Луис Хамилтон, а од понатамошната борба испаднаа: Раиконен, Џовинаци, Грожан, Магнусен и Латифи.
Во Q2 возачите на Мерцедес АМГ и Ферари излегоа на патеката на жолтите гуми во својот прв обид, очекувајќи утре трката да ја започнат на таа смеша. Ботас, Хамилтон и Леклер успеаја во својата намера, додека Себастијан Ветел, нити со црвените гуми, во вториот обид, не успеа да обезбеди Топ 10 пласман. Останатите возачи останаа верни на најмеката смеша.
Серџо Перез го спречи Пјер Гасли во брз круг, а стјуардите во моментите додека го пишуваме овој извештај, го разгледуваат инцидентот.
Во последните секунди од сесијата, Рикиардо изгуби контрола врз својот болид и излета, удирајќи со задното крило во бариерите покрај 11-от свиок. Контактот беше минимален, па тој успеа да се врати во својата гаража.
Најбрз беше Валтери Ботас, а квалификациите завршија за Окон, Строл, Квјат, Расел и Ветел.
Во гаражата на Рено, успеаа да го заменат задното крило на болидот на Рикиардо, но немаа време да се обидат да забележат брз круг. Поучени од Тајланѓанецот и неговото добро време на медиум гумите, за вториот обид, возачите на Мерцедес АМГ на патеката излегоа со жолтите гуми, и не погрешија, во тој момент тие беа побрза опција отколку црвените гуми.
Луис Хамилтон се реши за нивно загревање во два круга, а Валтери Ботас во еден круг, а во право излезе дека беше тековниот Шампион, забележувајќи ја својата 97-ма Пол Позиција. Трката за Големата Награда на Португалија, започнува утре во 14:10 часот со директен пренос на Телевизија 24Вести.
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
ВЕЧЕРВА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ СЕ ПОМЕСТУВААТ ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
ВЕЧЕРВА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ СЕ ПОМЕСТУВААТ ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
2020 ПОРТУГАЛИЈА ГП - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.652 | |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:16.754 | + 0.102 |
3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:16.904 | + 0.252 |
4. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:17.090 | + 0.438 |
5. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.223 | + 0.571 |
6. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:17.437 | + 0.785 |
7. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:17.520 | + 0.868 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.525 | + 1.873 |
9. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:17.803 | + 1.151 |
10. | Даниел Рикиардо | Рено | / | / |
Q2 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:16.467 | ||||
11. | Естебан Окон | Рено | 1:17.614 | + 1.148 |
12. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:17.626 | + 1.160 |
13. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:17.728 | + 1.262 |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:17.788 | + 1.322 |
15. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.919 | + 1.453 |
Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:16.828 | ||||
16. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:18.201 | + 1.373 |
17. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.323 | + 1.495 |
18. | Роман Грожан | Хас | 1:18.364 | + 1.536 |
19. | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.508 | + 1.680 |
20. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:18.777 | + 1.949 |
107% време: 1:22.206 | ||||
ХИБРИДНА ЕРА - АЛГАРВЕ
2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.652
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |