Макс Ферстапен, П3: "Среќен сум по квалификациите, мојот Q3 круг беше прилично пристоен и третата позиција е добра за старт на трката. Викендов видовме дека новиот асфалт го отежнува загревањето на гумите во работниот опсег, што беше исто за сите, но не заостануваме многу зад Мерцедес АМГ. Мислам дека стартот ќе биде важен, бидејќи јас сум на меките гуми, додека другите околу мене се на медиум.
Едноставно, ќе притиснеме силно како и секогаш, а понекогаш и непредвидливоста во однесувањето на гумите ги прави работите поинтересни. Ако е исто вака ветровито или пак заврне, тогаш трката ќе биде уште поинтересна. Се надевам, без оглед на временските услови, дека утре би можеле да го прдизвикаме Мерцедес АМГ."
Алекс Албон, П6: "Би сакал да имав подобро време, но П6 не е така лоша позиција. Прилично сум задоволен од мојот брз круг, но најтешко за мене беше да ги доведам гумите во работна температура. Патеката се однесува чудно за време на целиот викенд со новиот асфалт и променливиот ветер. Во Q3 решивме да излезам на жолтите гуми, за разлика од останатите, и мислам дека ќе бев побрз со уште еден загревачки круг. За последниот обид излегов на црвените гуми, што е сосема подруга смеша во однос на тоа како треба да ја максимизирате нејзината брзина. Има многу варијабли во игра, па да се надеваме на добар успех на утрешната трка."
Кристијан Хорнер, тимски шеф на Ред Бул: "Мислам дека можеме да бидеме задоволни со третата и шестата стартна позиција, во она што денес се покажа како невообичаена квалификациска сесија во однос на следењето на условите. Имаше многу непознати на оваа нова патека во однос на перформансите на гумите и еволуцијата на патеката, но и двајцата возачи покажаа добро темпо, а Макс за малку не ги раздели возачите на Мерцедес АМГ."
"Алекс, исто така, напредуваше добро во текот на секоја сесија и со наизменичната стратегија со гумите во Q3, тој добро се справи и се прилагоди на променливите услови за да се зацврсти на шестото место на табелата. Мислам дека утрешната трка ќе биде многу интересна со можност за неповолни временски услови и разликата во стратегиите со возачите кои стартуваат околу нас, но убеден сум дека и двајцата возачи можат да напредуваат добро и да дадат добар резултат за тимот."
Трката за Големата Награда на Португалија, започнува утре во 14:10 часот со директен пренос на Телевизија 24Вести.
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
ВЕЧЕРВА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ СЕ ПОМЕСТУВААТ ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
ВЕЧЕРВА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ СЕ ПОМЕСТУВААТ ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО