Како што најавивме, за време на викендот во Портимао, се одржа состанок на кој присуствуваа претставници на сите Ф1 тимови и раководството на Формула 1, на кој се дискутираше за концептот на новите мотори и преминот кон еколошки неутрални горива. Претседателот на ФИА, Жан Тод признава дека сегашните ПЕ се прескапи и е подготвен да разгледа разни предлози од сите заинтересирани страни со цел да се утврдат нови правила околу истите.
"Во 2014 година донесовме правилна одлука да преминеме на хибридни ПЕ. Повеќе не можевме да си дозволиме да користиме само мотори со внатрешно согорување, со оглед на сегашната политика за климатските промени. Насоката е правилно избрана, но се покажа дека нашите технологии се практично невозможни да се користат во сериските автомобили. Покрај тоа, Формула 1 останува многу скап спорт. Направивме многу за да ги намалиме трошоците, но потребни се понатамошни чекори во оваа насока."
"Во мај, претставниците на Ред Бул ми рекоа дека во никој случај не треба да го замрзнуваме развојот на сегашните мотори, во спротивно Хонда ќе замине. Сега тие го сакаат спротивното. Во нашиот бизнис, приоритетите можат да се променат многу брзо. Го почитувам секое мислење и подготвен сум да разгледам какво било барање, но нема да дозволам да бидам уценува од НИКОЈ."
"Производителите на гориво ни се заканија дека ќе си заминат ако се откажеме од конкуренција во нивната област. Сепак, многу е поважно тие да инвестираат во развој на јаглерод-неутрални горива. На крајот, важни ми се само вистинските аргументи, а не заканите. Порано или подоцна, мора да дојдеме до болиди што нема да произведат штетни емисии. Ако е технички можно порано да се префрлиме на нови мотори, зошто да не?"
"Пред две-три години никој не веруваше во изгледите за горивни ќелии, но сега одеднаш оваа тема стана актуелна. Не знам дали оваа опција ни одговара, затоа сакам да добијам секакви предлози за да ги оценат моите експерти. Во врска со ова прашање, не треба да се препуштаме на емоциите, бидејќи емоциите можат да доведат до погрешна одлука, и веќе не можеме да си го дозволуваме тоа. Новите ПЕ мора да имаат потенцијал да привлечат нови производители."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.