Формула 1 се враќа на патеката Имола по подолга пауза, т.е. последен пат таму беше 2006 година, па еволуцијата на Ф1 болидите значи дека ова ќе биде уште еден викенд на непознати, слично како минатиот пат во Португалија, создавајќи предизвикувачки крај на двата последователни викенди.
Тото Волф: "Покажавме добро темпо во Портимао откако ги донесовме гумите во нивниот работен опсег и ја напуштивме Португалија со максимален број на поени, градејќи ја разликата во двата шампионати на патот до нашата крајна цел оваа година. Сега нашиот фокус се насочува кон Имола , што е уште едно место во Ф1 што не сме го посетиле долго време. Станува збор за патека со многу историја, но на која што тимот на Мерцедес АМГ не се тркал никогаш, па ќе има многу непознати за време на викендот. Одлично е што се враќаме во Италија по трет пат во оваа невообочаена 2020 сезона."
"Исто така, ќе имаме невообичаен временски распоред, без петочните сесии и само една тренинг сесија во сабота наутро. Имавме неочекуван преглед на тоа како би било на патеката Нирбургринг, откако немаше акција во петокот поради дождот. Не очекува напорна тренинг сесија каде што тимовите ќе се обидат да го максимизираат поминатото време на асфалтот за да се подготват на најдобар можен начин за квалификациите и трката. Постигнување на најбрза можна стапка на учење ќе биде важно за да се зголеми нашата конкурентност."
"Гледавме возбудливи трки на новите патеки оваа година и пократкиот формат за викендот ќе ги зачини работите уште повеќе, па фановите имаат интересен викенд кој со нетрпение го очекуваат."
ТОТО ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ПРЕД ЕМИЛИЈА РОМАЊА ГРАН ПРИ
10/29/2020 10:50:00 AM
0
Share to other apps