Отмар Шафнауер, тимскиот шеф на Рејсинг Поинт, по завршување на квалификациите изнесе детали за тоа што се случувало со здраствената состојба на Ленс Строл и зошто тој не беше во можност да земе учество во понатамошниот тек на тркачкиот викенд.
"Ленс не се чувствуваше добро уште по завршувањето на Големата Награда на Русија. Кога одлетавме од таму, тој не беше добро. Изгледаше како да има треска, и веднаш го испративме да се тестира за Ковид-19, но сите тестови беа негативни. Последниот тест беше направен во вторникот. Во исто време, тој ги немаше класичните симптоми на коронавирусот."
"Синоќа тој имаше проблеми со стомакот. Често трчаше до тоалетот. Последица на тоа беше дехидрираност. И денес не се чувствуваше добро. Не знаме која е причината за тоа, но тој едноставно не беше подготвен да настапи. Одлуката да не вози беше донесена на половина час пред почетокот на утринскиот тренинг."
ШТО СЕ СЛУЧИ СО ЛЕНС СТРОЛ
10/10/2020 09:15:00 PM
0
Share to other apps