Луис Хамилтон, П1: "Не можам да ви опишам колку беа тешки овие квалификации, имаме одличен болид, но мора да го исцедите максимумот од него за да извлечете добар круг, а Валтери беше многу брз овој викенд! Се обидував на сите начини да го најдам тоа дополнително време. Инженерите ни дадоа две опции за последниот обид, а јас избрав да имам три мерени круга за да имам шанса да го победам времето на Валтери, а тој се одлучи за еден брз круг. Мислев дека тоа е вистинската опција и се се одвиваше како што посакував."
"Ова е хардкор патека, со места каде што не гледате што следува, а пред вас го гледате само небото, така што, на пример немате референци за точки на сопирање. Ова е меѓу најпредизвикувачките патеки на кои сум бил, особено со овој нов асфалт, кој што го отежнува загревањето на гумите. Голема благодарност за сите во тимот и за фановите кои беа во можност да бидат на трибините."
Валтери Ботас, П2: "Тоа беше интензивна сесија за мене до последното возење. Врз основа на чувството од Q2, решивме да одиме на медиум за последниот обид, а опциите беа еден или три мерени круга. Секогаш е прашање на баланс, со еден круг, носите помала количина на гориво, но може да имате проблем со загревањето на гумите. Тоа е она што го одбрав јас, бидејќи тоа ми успеваше во Q2. Беше незгодно да се добие чиста патека во брзите кругови. Последниот обид за мене беше пристоен, но не и совршен. Секако, разочарувачки е да не бидам на Пол позицијата, откако ги имав најбрзите времиња во поголемиот дел од викендот, но јас ќе се борам за победа со старт од П2."
Тото Волф, тимски шеф на Мерцедес АМГ: "Имавме фантастична квалификациска сесија, во која битката се одвиваше до последните секунди од Q3. На двајцата возачи им дадовме избор на гуми и должина на стинтот за последното излегување во Q3. Тие ги избраа медиум гумите, но Валтери се определи за опцијата со еден мерен круг, додека Луис за три. На крајот, само една десетинка од секундата решаваше во нивната битка, со тоа што Луис беше најбрз во последниот круг, додека Валтери влезе малку широко во осмиот свиокот, а до тој момент тој беше малку понапред."
"Во секој случај, сцената е подготвена за интригантна битка. Немаме премногу информации за тоа како ќе се однесуваат гумите, и двата наши болиди ќе стартуваат на медиум смешата. Од друга страна, Ферстапен ќе стартува на меката смеша и има нов сет на жолти гуми за трката, што ќе му даде различни стратешки опции. Изгледите се да имаме возбудлива трка, особено и со прогнозираните врнежи од дожд."
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
ВЕЧЕРВА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ СЕ ПОМЕСТУВААТ ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО
ВЕЧЕРВА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ СЕ ПОМЕСТУВААТ ЕДЕН ЧАС ПОНАЗАД
ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО