Себастијан Ветел од следната сезона Ф1 кариерата ќе ја продолжи во тимот на Астон Мартин. На официјалниот сајт на Формула 1 на подкастот "Beyond The Grid", германскиот возач ги именуваше главните фактори кои влијаеја на неговата одлука да потпише договор со тимот на Лоренс Строл и призна дека во Ферари не ги забележал резултатите по кои дошол.
"Бев убеден од Лоренс и фактот дека тимот се развива. Имаше многу фактори, но важно е дека тимот расте, покажувајќи голем потенцијал во трките и желбата да се забележат значителни резултати. Сакав да бидам дел од овој проект. Разликата од Ферари е што многу работи ќе се случат за прв пат. Тимот има неверојатно тешки задачи за решавање, но се надевам дека ќе дадам свој придонес, и зад воланот и надвор од болидот. Не се навраќам кон минатото и не жалам за нешто. Да, не успеав бидејќи мојата мисија во Ферари беше да ја освојам титулата. Но, не станав шампион, не ја постигнав целта."
"Постојат работи што можев да ги направам подобро, некои проблеми што можев да ги забележам претходно, можев да избегнам некои инциденти на патеката. Сепак, сè што се случи ме доведе до ситуацијата во која се наоѓам сега. Обично не разговарам за настаните што се случија на патеката. На пример, како излетав во Хокенхајм на дожд. Многумина сметаат дека ова е мојот најлош момент во Ферари, но јас претпочитам да не разговарам за минатото, туку да зборувам за сегашноста."
"Зборувам искрено и отворено - НЕ УСПЕАВ. Имаше ли причина за тоа? Можеби да, но мислам дека не се изговор. Сè што се случи ме доведе до следниот чекор. Наскоро ќе го сменам тимот. И иако во моментов е тешко да се очекуваат некои специфични резултати, јас знам како да ги оценам моите перформанси. Ова е нормално. Никогаш не престанувате да учите и треба да бидете задоволни со она што го имате."
Себастијан Ветел е на третото место во историјата на Формула 1 по бројот на победи, но тој не е особено инспириран од оваа статистика.
"Не сум сигурен со што да се гордеам. Не е фер да се споредуваат денешните состојби со минатото, бидејќи порано имаше помалку трки од денес. Сметам дека таквата статистика во извесна смисла е лажна. Во минатото, возачите се натпреваруваа во различни категории, а јас исто така би ги додал овие победи во статистиката, но бидејќи трките немаа статус на ГП, тие сега не се земени во предвид."
СЕБ ИСКРЕН И ОТВОРЕН - НЕ УСПЕАВ
10/09/2020 12:07:00 AM
0
Share to other apps