Кога е изградена патеката?
Камен темелникот на Имолa или Autodromo Internazionale Enzo e Dino Ferrari, како што е позната уште од 1988 година, е поставен во март 1950 година. Таа беше целосно подготвена до октомври 1952 година, а тркањето на неа започна во 1953 година.
- Кога беше првата трка?
Имола за прв пат беше домаќин на Ф1 трка во 1963 година, но таа не беше дел од официјалниот Ф1 календар. По политичките напрегања со Монца, на Имола дури во 1980 година и беше доделена честа да биде домаќин на ГН на Италија. Од 1981 година, двете патеки работеа заедно во совршена хармонија, со тоа што Имола доби именување како ГН на Сан Марино и беше домаќин на вкупно 27 Ф1 трки до 2006 година. Во 2020 година се врати во Ф1 календарот како ГН на Емилија-Ромања.
- Каква е патеката?
Возбудлива. Откако го тестираше својот АлфаТаури, AT01, на оваа патека, Пјер Гасли го нарече искуството како едно од најдобрите што некогаш ги имал во болид на Формула 1, додека неговиот тогашен тимски колега Даниел Квјат забележа дека возењето Ф1 болид низ свиоци како Acque Minerali ви дава многу адреналин. Тркањето на оваа патеката се одвива спротивно од стрелките на часовникот, таа е брза, со чувство на "старата школа" додека возачите минуваат низ познатите свиоци како гореспоменатиот Acque Minerali и Piratella.
GRAN PREMIO DELL MADE IN ITALY E DELL`EMILLIA ROMAGNA (Imola)
10/28/2020 07:39:00 PM
0
Share to other apps