За Бртитанецот ова беше 98-ма Пол позиција во неговата кариера и 10-та за оваа 2021 сезона. Валтери Ботас се квалификуваше како втор, со заостанување од три десетинки, по 11-ти пат оваа година.
Во Q1 сесијата, сите возачи излегоа на црвените гуми, само Строл избра жолти. Луис Хамилтон го имаше најбрзото време. Од понатамошна борба изпаднаа возачите на Алфа Ромео, Хас и Николас Латифи од Вилијамс.
Во Q2, само Пјер Гасли и Даниел Квјат ги избраа црвените гуми, додека остатокот од гридот реши дека жолтите гуми се многу подобра опција за старт на утрешната трка, по цена и да не се премине во Топ 10 пласман.
Многу од возачите немаа можност да ги комплетираат своите брзи кругови, поради развеани црвени знамиња, како последица на застанувањето на Мекларенот на Карлос Саинц Јр. веднаш на првиот свиок. Инженерите на тимот се обидоа да го рестартираат болидор, но без успех.
Болидот беше отстранет, а сесијата продолжи со осум минути до крајот.
Луис Хамилтон повторно беше најбрз, поставувајќи нов рекорд на патеката од 1:27.586. Минатата година Леклер и Ветел ги зазедоа првите две места на квалификациите во Бахреин, сега и двајцата не се пласираа во финалната Q3 сесија. Заедно со нив и Строл, Расел и Саинц Јр.
Во Q3 сите возеа на црвените гуми, а Луис Хамилтон немаше конкуренција. На крај Пол позицијата за доби со време од 1:27.264, што беше новиот рекорд на патеката Шахир.
ТРКАТА ЗА ГН НА БАХРЕИН Е НА ПРОГРАМАТА УТРЕ, СО ПОЧЕТОК ОД 15:10 ЧАСОТ И ДИРЕКТЕН ПРЕНОС НА ТВ 24ВЕСТИ
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БАХРЕИН - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:27.264 | |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:27.553 | + 0.289 |
3. | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:27.678 | + 0.414 |
4. | Алекс Албон | Ред Бул | 1:28.274 | + 1.010 |
5. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт |
1:28.322 | + 1.058 |
6. | Даниел Рикиардо | Рено | 1:28.417 | + 1.153 |
7. | Естебан Окон | Рено | 1:28.419 | + 1.155 |
8. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:28.448 | + 1.184 |
9. | Ландо Норис | Мекларен | 1:28.542 | + 1.278 |
10. | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:28.618 | + 1.354 |
Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:27.586 | ||||
11. | Себастијан Ветел | Ферари | 1:29.149 | + 1.563 |
12. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:29.165 | + 1.579 |
13. | Ленс Строл |
Рејсинг Поинт | 1:29.557 | + 1.971 |
14. | Џорџ Расел | Вилијамс |
1:31.218 | + 3.632 |
15. | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | / | / |
Q1 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:28.343 | ||||
16. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:29.491 | + 1.148 |
17. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:29.810 | + 1.467 |
18. | Кевин Магнусен | Хас | 1:30.111 | + 1.768 |
19. | Роман Грожан | Хас | 1:30.138 | + 1.795 |
20. | Николас Латифи |
Вилијамс | 1:30.182 | + 1.839 |
107% време: 1:34.685 | ||||
ИСТОРИЈА - ШАХИР
2010 Себастијан Ветел - Ред Бул - 1:54.101
2011 / 2012 Себастијан Ветел - Ред Бул - 1:32.422 2013 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.330 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:33.185 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.571 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.493 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.769 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.958 2019 Чарлс Леклерк - Ферари - 1:27.867 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.264
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA
|