Себастијан Ветел, 115 трки со Ферари, остануваат уште три до завршување на шестгодишната историја. Германецот во Бахреин е во добро расположение и уште еднаш повтори дека гледа напред, бидејќи минатото не може да се промени. Но, за да тргнете напред, мора да направите чекор назад.
- Четиринаесет победи, по Михаел Шумахер и Ники Лауда сте најуспешниот возач на Ферари, како се чувствува во таа улога?
СВ: "Не е лошо, но билансот можеше да биде побогат: 14 е само бројка, која по малку смета...
- Пристигнавте на крајот на 2014 година, кога се надевавте дека ќе го повторите успехот на вашиот идол Шуми. Што ви паѓа на памет кога ќе се сетите на тие денови?
СВ: "Серџо Маркионе по телефон ми рече: Зошто не изградиме нешто заедно, дали сакаш да ни помогнеш да го вратиме Ферари на победничките патеки? Му одговорив ДА.
- Каква беше околината?
СВ: "Имаше многу надеж. И од моја страна. Дури и како дете, црното коњче беше легенда, благодарение на наследството на Михаел."
- Вашиот прв ден во Маранело како возач?
СВ: "Беше 29 Ноември 2014 година, во Фиорано. Бев возбуден, но исто така се фокусирав на интензивната програма. Јас таму веќе имав настапи со Торо Росо, но со Ферари сè се смени. Никогаш нема да го заборавам тој ден."
- Најубавите победи?
СВ: "Малезија 2015, втора трка, прекрасен почеток. И Монте Карло 2017."
- Маркионе, што беше тој за тебе?
СВ: "Многу моќен човек, понекогаш ненаситен, имаше големо влијание и во Ф1. Тој не беше лесeн карактер, беше тешко да се расправаш со него. Но, сите го почитуваа. Неговата смрт беше шок за нас."
- А, Маурицио Аривабене?
СВ: "Гледно од надвор, тој не беше разбран, но играше многу важна улога во рестартот на тимот. Се сложувавме многу добро од самиот почеток, и покрај некои тешкотии. Имаше доверба меѓу нас, тој се соочуваше со комплициран период. Тешко е да се биде шеф на тимот кога сте близу до целта, но не ја достигнувате. Научив многу од Маурицио."
- Колку блиску бевте шампионската титула во тие години?
СВ: "Што е поентата да размислувам за тоа повторно? Гледам напред. Но, да одговорам: Во 2017 година болидот беше многу конкурентен. Следната година имавме подобар пакет со поголем потенцијал. Но, не бевме во можност да го развиеме за да се бориме во последната фаза од шампионатот, така што не победивме."
- Дали жалиш за тоа?
СВ: "Не, работите се случуваат со причина. Во добро и во лошо. Да, можевме да бидеме подобри, ќе беше убаво да го освоиме шампионат. Но, во тие моменти го направивме она што мислевме дека е правилно."
- Се насочуваме кон 2019 година, доаѓањето на Чарлс Леклер. Дали е ова почетокот на крајот на вашата авантура во Ферари?
СВ: "Не станува збор за Чарлс. Мојот престој во Ферари мора да го погледнеме како целина. По добрите настапи од 2017 и 2018 година, минатата година немаше напредок, а оваа година беше уште покомплицирана од неколку причини. Но, сепак, ние се потрудивме да станеме конкурентни. Јас сум дел од овој тим шест години и секогаш бев првиот што сакаше да помогне да се опоравиме."
- Кога ви се јави Матија Биното за да ви каже дека нема да го продолжи вашиот договор, дали се чувствуваше изневерен?
СВ: "Не."
- Каква е вашиот однос?
СВ: "Добар, професионален. Јас сум доволно стар за да разберам и да прифаќам одлуки. Имав долго време да размислувам за тоа."
- Вие повторно бевте на подиумот во Турција, но 2020 година беше тешка година. Зошто? Зарем болидот не одговараше на твојот стил на возење?
СВ: "Тоа не е проблемот, возачот се прилагодува. Секако дека моето напуштање на тимот не помогна, не беше истата ситуација како порано. А сепак, се обидував, имав проблеми на квалификациите, а потоа во трките бев заглавен во гужва."
"Но, дури и ова искуство ме натера да созревам, сега сум многу попозитивен отколку што бев пред 4-5 месеци. Гледам напред, имам уште 3 трки со Ферари на кои ќе дадам се од себе да бидат добри, а потоа следува нов предизвик. Знам дека ќе се забавувам."
- Кога зборувате за Астон Мартин делувате оптимистички.
СВ: "Јас сум таков по природа. Секогаш очекувам добри работи."
- Како ве убеди Лоренс Строл?
СВ: "Тој е многу успешен бизнисмен, докажанo е дека знае како да донесе правилни одлуки. Преговорите од самиот почеток беа искрени. Имаме една посебна ситуација, мој тимски колега ќе биде неговиот син Ленс. Сите сме многу мотивирани."
- Дали сè уште мислите дека можете да освоите друга титула по 4-те со Ред Бул?
СВ: "Да бидеме искрени, сега само возач на Мерцедес АМГ може да освои Титула. Но, јас сум среќен каде одам, имаме потенцијал да импресионираме. И тогаш во 2022 година правилата ќе се променат, никогаш не вели никогаш."
- Дали го замоливте Рикардо Адами, вашиот тркачки инженер, да ве следи?
СВ: "Мислам дека Рикардо ќе остане во Ферари, но, ние засекогаш ќе останеме пријатели. Тој е една од оние работи што ги претставуваат вредностите на Ферари, затоа овој бренд е уникатен, затоа што има такви луѓе во Маранело."
- Дали е вистина дека ги чувате сите свои тетратки од 2007 година? Што ќе правите со нив?
СВ: "Дневниците не се фрлаат, можеби ќе ги чувам до крајот на мојот живот. Понекогаш ги препрочитувам за да се потсетам како сум се справил со некои настани. Со кого сум разговарал, што ми кажале."
- Колку Ферариња имате во вашата гаража?
СВ: "Нема да ти кажам, наместо тоа, кажи ми ти за твоите."
- Дали Леклер е најсилниот тимски колега со кој сте се соочиле во Ф1?
СВ: "Сите беа силни, но тој е најперспективен. Тој ќе биде една од идните sвезди. Би бил изненаден ако не стане..."
- Хамилтон, покрај талентот, што е посебно кај него?
СВ: "Волја, посветеност, посветеност."
- Враќањето на Фернандо Алонсо.
СВ: "Среќен сум за него и за фановите. Но, искрено, јас сум повеќе фокусиран на себе отколку на Фернандо."
- Мик Шумахер во Ф1, се чека објава на оваа вест. Што мислите околу тоа?
СВ: "За мене Мик е Мик, а Михаел е Михаел. За разлика од сите други, јас не го поврзувам со презимето Шумахер, бидејќи знам што значи тоа. Исто така, ме прави малку тажен што Михаел не може да биде тука за да го прослави успехот на неговиот син. Не знам колку други возачи би успеале во кариерата како Мик.
- Дали сакате да заборавите нешто од својата кариера во Ферари?
СВ: "Ништо. Тоа секогаш беа чисти емоции, добри или лоши."
- Со што ве задолжи Ферари?
СВ: "Неизмерно наследство од многу пријателства, човечки вредности, спомени, луѓе кои секогаш ќе ме подржуваат, дури и ако се далеку."
ИНТЕРВЈУ СО СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ
11/28/2020 08:19:00 PM
0
Share to other apps