Живееме во време кога не можеш ни да се пошегуваш како треба, се некој се пронаоѓа навреден. Се е отидено УПМ од разни МОРАЛИСТИ без МОРАЛ. Како во сите сфери на животот и во Ф1 дојде време социјалните мрежи да се некое мерило за квалитет на животот!!!
Најновата непријатна приказна му се случи на Валтери Ботас, кој по финишот на Големата Награда на Турција, како одговор на прашањето - Ако можете да избришете еден ден од календарот, дали ќе беше денес? - изјави "Да, денес, денот кога некој купи лилјак во Вухан."
Ваквите зборови на Финецот предизвикаа лавина реакции на кинеските социјални мрежи, по што кинеската дивизија на Мерцедес мораше да се извини за зборовите на финскиот возач!!!
Од друга страна, Монголија продолжува да чека извинување од Ферстапен!!!
Претседателот на Управниот одбор на Дајмлер, Ола Калениус, повтори дека Мерцедес АМГ ќе продолжи да се натпреварува во Формула 1, и покрај сериозните кратења на буџетот за тркачките програми: "Нема да ја напуштиме Формула 1. Баерн Минхен исто така има многу титули, но тоа не значи дека ќе го напуштат фудбалот. Ниту ние нема да заминеме. Формула 1 ни овозможува да развиваме хибридни технологии и нови горива."
Луис Хамилтон е прогласен за највлијателен црнец во Велика Британија. Неколку дена по освојувањето на неговата седма титула во Формула 1, возачот на Мерцедес АМГ се најде на првото место во POWERLIST 2021, на која учествуваат највлијателните луѓе од Африка, Карибите и црнците во Велика Британија. Луис Хамилтон: "Јас сум многу горд на признанието. Сакам да мислам дека сум алка во еден синџир на многу луѓе кои се обидуваат да донесат промени."
За следната сезона во Формула 1 е најавено дека безбедносните и медицинските автомобили ќе ги снабдуваат два производители, Мерцедес и Астон Мартин.
Нико Хулкенберг останува еден од кандидатите за место во Ред Бул за следната сезона, но Германецот во интервју за австриската ТВ Сервус, изјави дека нема некои раговори и се е смирено.
Резервниот возач на Алфа Ромео, Роберт Кубица, за полските медиуми потврди дека ќе учествува на две тренинг сесии пред крајот на тековната Ф1 сезона, една сесија на трките во Бахреин и на последната трка во Абу Даби.
Крег Едмондсон стана комерцијален директор на W серијата, Формула Ж.
Мика Хакинен - Големата награда на Турција ќе се памети долго време, Џорџ Расел - Она што го видовме во Турција, всушност не е Формула 1
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.