На крајот на годината, Себастијан Ветел ќе го напушти Ферари, каде ги мина последните шест години. Во интервју за Die Zeit, тој зборуваше за односот со тимот и очекувањата од преселбата во Астон Мартин.
"Имам тешка сезона, дури и почнав да се сомневам во себе кога во подолг период не можев да забележам успеси. Не е потребно да одиме многу назад, доволна е трката во Нирбургринг. Бев многу вознемирен поради неуспешната трка на домашна патека. Тимот е во тешка ситуација. Се оладивме, старата љубов ја нема веќе. Но, имам уште многу да очекувам од преостанатите трки."
"Мислам дека новиот проект со Астон Мартин отвора многу можности. Нема да можеме брзо да постигнеме успех, но сигурен сум дека ќе има сосема поинакво расположение и нова цел, да му помогнам на тимот да напредува. Но, јас веќе имам 33 години и не планирам да се тркам на 40 години. Ако би бил реален околу мојата кариера, ми преостануваат од три до седум години во Формула 1."
ВЕТЕЛ: СЕ "ОЛАДИВМЕ" СО ФЕРАРИ
11/19/2020 02:25:00 PM
0
Share to other apps