За време на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Бахреин, возачите на Формула 1 беа во можност да ја тестираат C3 смешата од која што ќе бидат конструирани гумите за следната 2021 сезона. Актуелниот шампион, Луис Хамилтон, имаше големи критики за новиот производ на Пирели, велејќи дека е полош од сегашниот.
"Навистина ги почитувам момците од Пирели кои ни носат гуми и работат со нив на патеката, тие прават одлична работа. Но, за жал, последните две сезони користиме исти гуми. На крајот на 2019 година, Пирели ни покажа нови гуми, но се покажа дека се полоши. Како резултат, Пирели рече: Добро, да продолжиме да ги користиме минатогодишните гуми."
"Тие имаа две години да развијат нови гуми кои ќе станат подобри. Но, во Бахреин, тие донесоа гуми кои се за три килограми потешки и секунда побавни!!! Знам дека на Ф1 фановите не им е гајле какви гуми имаме, но работиме со брендови и партнери кои се во првите редови на технолошкиот напредок. Добивме гуми, кои по две години развој станаа чекор назад. Не разбирам како е можно тоа."
"Ова не е добро и загрижува. Повеќе би сакал да ги зачуваме сегашните гуми. Ако тоа е најдоброто што можат да ни го дадат, подобро е да продолжиме да работиме со тековните смеши."
ХАМИЛТОН: НОВИТЕ ГУМИ НА ПИРЕЛИ СЕ ПОТЕШКИ И ПОБАВНИ
11/27/2020 08:04:00 PM
0
Share to other apps