Втората тренинг сесија е најкорисна во Бахреин, совпаѓајќи се со квалификациите и трката, но ако на крајот на март, кога традиционално се одржуваше оваа трка, таа започнуваше во самракот и завршуваше по зајдисонцето, денес кон крајот на ноември до почетокот на сесијата, сонцето веќе зајде. Сепак, температурата беше скоро иста како и минатата пролет.
Како и на претпладневната сесија, возачите ги тестираа гумите за следната 2021 сезона, а многумина од нив се пожалија на недостаток на грип и наскоро се префрлија на гумите за оваа година, проценувајќи ги абењето и перформансите на долги и кратки стинтови.
Во 46-та минута сесијата беше прекината, Алекс Албон сериозно го оштети својот болид, завршувајќи во заштитните бариери покрај патеката во последната кривина. Тајланѓанецот се извини на тимот, сам излезе од кокпитот, но беше испратен превентивен медицински преглед, поради активирањето на Г сензорот. До крајот од сесијата, тој веќе се врати во својата гаража.
Црвените знамиња за отстранување на неговиот болид и санирање на бариерата траеа 12-тина минути, но неколку секунди откако беше дадено зелено светло, сесијата повторно беше стопирана, откако на патеката се најде куче. Воедно тоа беше и најинтересното нешто во сесијата, кога Себастијан Ветел ги покажа своите вокални способности.
2020 БАХРЕИН ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:28.971 | 28 | |
2 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:29.318 | + 0.347 | 34 |
3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:29.336 | + 0.365 | 30 |
4 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:29.403 | + 0.432 | 32 |
5 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:29.462 | + 0.491 | 27 |
6 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:29.551 | + 0.580 | 36 |
7 | Ландо Норис | Мекларен | 1:29.841 | + 0.870 | 30 |
8 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:29.871 | + 0.900 | 32 |
9 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:29.900 | + 0.929 | 34 |
10 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:30.014 | + 1.043 | 17 |
11 | Естебан Окон | Рено | 1:30.085 | + 1.114 | 30 |
12 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:30.110 | + 1.139 | 35 |
13 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:30.271 | + 1.300 | 33 |
14 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:30.407 | + 1.436 | 30 |
15 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:30.627 | + 1.656 | 33 |
16 | Кевин Магнусен | Хас | 1:30.849 | + 1.878 | 27 |
17 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:30.928 | + 1.957 | 34 |
18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:30.973 | + 2.002 | 32 |
19 | Роман Грожан | Хас | 1:31.119 | + 2.148 | 28 |
20 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:31.636 | + 2.665 | 29 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - БАХРЕИН
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.325
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:34.647 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:31.001 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:31.310 2018 Кими Раиконен - Ферари - 1:29.817 2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1:28.846 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:28.971 |
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |