Тимот на Хас ја потврди возачката двојка за Големата Награда на Шахир. Викендов кој следува, Пјетро Фитипалди ќе го замени повредениот Роман Грожан. Тој е резервен возач на тимот и внук на двократниот шампион Емерсон Фитипалди.
Гинтер Штајнер, тимски шеф: "Кога беше одлучено дека најдобрата опција за Роман е да прескокне една трка, изборот на Пјетро беше несомнен. Последните две години работи со тимот како резервен и тест возач и е запознаен со нашиот болид. Тој беше подготвен да застане зад воланот доколку е потребно, и сега постои таква потреба."
Пјетро Фитипалди: "Главната работа е што Роман не беше повреден во оваа страшна несреќа. Сите сме многу среќни што по таков сериозен инцидент тој не се здоби со опасни повреди."
"Очигледно, не сакав да добијам можност да дебитирам во Формула 1 под такви околности, но им сум благодарен на Џин Хас и Гинтер Штајнер за нивната доверба и за одлуката да ме стават зад воланот претстојниот викенд."
"Работев многу со тимот оваа сезона, и на патеката и на симулаторот, целосно сум запознат со тоа како работи тимот за време на еден тркачки викенд. Пред мене е моето деби во Формула 1 и со нетрпение го очекувам почетокот на првиот петочен тренинг."
ПЈЕТРО ФИТИПАЛДИ НА МЕСТОТО НА ГРОЖАН
11/30/2020 12:37:00 PM
0
Share to other apps