Тимот на Хас денес го официјализираше потпишувањето на повеќегодишен договор со Мик Шумахер, син на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер. Следната сезона, младиот германски возач ќе дебитира во Формула 1, а како тимски колега ќе има друг дебитант, Русинот Никита Мазепин.
Воедно беше објавено и дека Шумахер ќе учествува на првата тренинг сесија за Големата Награда на Абу Даби, а по завршувањето на сезоната ќе седне зад воланот на Хас за време на тестот за млади возачи, што ќе се одржи на патеката Јас Марина на 15 Декември.
Мик Шумахер: "Многу сум среќен што следната година ќе дебитирам во Формула 1 шампионатот, едноставно немам зборови! Сакам да им се заблагодарам на Хас, Ферари и Академијата за млади возачи на Ферари што веруваа во мене."
"Сакам да им се заблагодарам на моите родители и да им ја искажам својата љубов, знам дека им должам сè. Отсекогаш верував дека еден ден ќе го исполнам мојот сон за Формула 1."
"Голема благодарност до фановите кои ме поддржуваа во текот на целата моја кариера. Ќе дадам се од себе и се радувам на соработката со Хас."
Тој го избра 47 за свој број под кој ќе се натпреварува во Формула 1.
"Навистина ми се допаѓаат броевите 4 и 7, но тие броеви се веќе зафатени, па затоа избрав број 47. Бројот 47 е збир на броевите на сите родендени во моето семејство."
Друга интересна карактеристика може да се смета фактот дека со број 4 ја освои титулата во Формула 3, и 7 е бројот на Шампионските титули на неговиот татко Михаел Шумахер во Формула 1.
Гинтер Штајнер, тимски шеф: "Многу сум задоволен што можеме да го потврдиме Мик Шумахер како еден од нашите возачи за следната сезона, јас сум воодушевен што го пречекав во тимот. Долго време, Формула 2 шампионатот им дава можност на младите таленти да се изјаснат, а оваа сезона нивото на натпреварување беше едно од највисоките во последните години."
"Во 2020 година Мик победи на трки, се искачи на победничкиот подиум и одлично се покажа во борбата против талентираните ривали, благодарение на неговите резултати доби можност да се пресели во Формула 1. Нашиот тим ќе може да оцени и едуцира нов возач, и се радувам дека Мик ќе допринесе во долгорочниот развој на нашиот тим на патеката и надвор од неа."
ОФИЦИЈАЛНО: ШУМАХЕР ЌЕ ДЕБИТИРА ВО 2021 ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ
12/02/2020 10:55:00 AM
0
Share to other apps