Ова е една од најтешките трки за предвидување на најдобрата стратегија заради повеќе различни фактори. Прво и најважно, условите на патеката. Овој асфалт е исклучително нов и лизгав, со брза еволуција, но колкав грип ќе понуди на крајот останува непознато.
Времето ги прави овие пресметки значително потешки, денес имавме многу пониски температури на асфалтот и многу дожд, додека за утре прогнозата се уште не е дефинирана. Конечно, нема голема разлика помеѓу две застанувања во бокс и едно застанување.
На хартија, стратегијата со два пит-стопа е побрза, но, тимовите секогаш претпочитаат едно застанување во бокс, особено ако некако успеат да го сторат тоа на двете најмеки смеши кои се номинирани за овој викенд. Во моментов, тоа се чини скоро невозможно, ако гранулирањето на црвените гуми остане исто како досега, но некои тимови сепак би можеле да се обидат.
Алтернативно, тие може да се обидат со едно застанување во бокс, ако можат да ги натераат белите гуми да работат во нивниот оптимален работен прозорец. Очигледно дека се зависи од тоа какви ќе бидат условите на утрешната трка, така што има многу прашалници.
Според правилата, подесувањето на болидите не може да се менува, иако утрешните услови на трката може да бидат доста различни.
Теоретски, најбрзата стратегија е со две застанувања во бокс и се состои од два стинта на црвените гуми од по 16 круга, и еден стинт на жолтите гуми од 26 круга, кои би се употребиле измеѓу црвените гуми.
Друг начин да се спроведе стратегијата со две застанувања во бокс, во случај на зголемена гранулација на меките гуми, е употреба само на еден стинт од 14 круга на црвените и два стинта од по 22 круга на жолтите гуми.
Доколку е доволно топло за во игра да влезе и најтврдата смеша, тимовите би можеле да пробаат стратегија со едно застанување во бокс со 30 круга на жолтите и 28 круга на белите гуми. Алтернативно, 20 кругови на црвените и 38 кругови на белите гуми.
Марио Изола, Пирели: "Тешките временски услови за време на квалификациите не дозволуваат да се направат јасни заклучоци на крајот на денот. Возачите користеа само гуми за дожд и интермедиа. Оптималниот момент за премин се случи за време на последната Q3 сесија, што во голема мера ја комплицираше стратегиската битка помеѓу тимовите. Времето за Пол позицијата беше забележано на интермедиа гумите."
"Маргиналните услови и неколкуте прекини на возачите им задаваа тешки услови за управување со болидите, но гумите за дожд имаа многу мала деградација, дозволувајќи им на возачите да возат онолку кругови колку што сакаат."
"Како што често се случува во вакви ситуации, добивме многу невообичаен стартен редослед. Утре, очекуваме да имаме сува патека, што би значело слободен избор на гуми со кои возачите би ја започнале трката. Лизгавиот асфалт и неколкуте избори на стратегија треба да придонесат да имаме непредвидлива трка."
"Честитки за Рејсинг Поинт за одлуката први да се префрлат на интермедиа гумите, што на крајот им ги донесе првата и третата стартна позиција."
2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА ТУРЦИЈА СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
2. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
3. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
4. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
5. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
6. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
7. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
8. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
9. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
10. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
12. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
13. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
14. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
15. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
16. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
17. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
18. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
19. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
20. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |