Со абразивниот асфалт на Шахир и номинираните еден чекор помеки смеши во споредба со минатата година, се чини дека стратегијата со две застанувања во бокс е најбрзиот начин за успешно комплетирање на 57-те круга на трката за ГН на Бахреин.
Најбрзата варијанта на оваа стратегија е еден стинт од 21 круг на жолтите гуми, кој ќе биде почетен за оние кои се наоѓаат на првите 10 позиции на гридот, и два стинта на црвените гуми од по 18 круга. Втора варијанта на оваа стратегија се два стинта на жолтите гуми од по 21 круг и црвените во стинт од 15 круга.
Стратегијата со еден пит-стоп на хартија е побавна, а ако се искористи од некој тим, тоа ќе биде почетен стинт на жолти гуми од 27 круга и за крајните 30 круга бели гуми.
За крај ја имаме најбавната стратегија со две застанувања во бокс и тоа два два стинта од по 18 круга на жолтите гуми и еден стинт од 21 круга на белите, најверојатно средниот стинт. Нема смисла да се оди со три застанувања во бокс, бидејќи ова чини премногу време во боксот.
Сите од Топ 10 пласманот избраа да поминат низ Q2 на жолтите гуми и затоа ќе ја започнат трката на оваа смеша, која што би требало добро да се справи со карактеристиките на патеката Шахир и да им дозволи да имаат подолг прв стинт. Како и обично, оние што почнуваат од П11 надолу, ќе добијат слободен избор на гуми.
Грубата површина на асфалтот во Бахреин бара многу од гумите, што значи дека најверојатно ќе имаме две застанувања во бокс, но возачите сепак ќе треба внимателно да менаџираат со своите гуми, особено со задните црвени.
Амбиенталната температурата и таа на патеката беа околу 27-от степен целзиусов на половина од квалификаците, релативно студено време за Бахреин во споредба со претходните години кога трката се одрживаше многу порано во сезоната.
Марио Изола, Пирели: "Стратегијата за оваа трка започна уште во Q2, кога скоро сите возачи кои излегоа со жолти гуми, но црвеното знаме на девет минути до крајот значеше дека во игра останува само еден обид."
"Сите возачи од Топ 10 пласманот трката ќе ја започнат на жолтите гуми, па тие имаат некои опции за тоа која смеша ќе ја употребат во втората половина од трката."
"За време на квалификациите видовме дека перформансите на црвените и жолтите гуми се многу блиски, но со жолтите е полесно да се менаџира прегревањето на задните гуми, поради што беа главен избор во Q2."
"Исто така, видовме дека Хамилтон беше во можност да го собори рекордот на патеката не еднаш, туку двапати, на две различни смеши, што ја потврдува постојано растечката брзина на сегашните болиди на Формула 1."
2020 ГОЛЕМА НАГРАДА НА БАХРЕИН СТАРТЕН РЕДОСЛЕД |
|
1. ЛУИС ХАМИЛТОН - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
2. ВАЛТЕРИ БОТАС - МЕРЦЕДЕС АМГ | |
3. МАКС ВЕРСТАПЕН - РЕД БУЛ | |
4. АЛЕКС АЛБОН - РЕД БУЛ | |
5. СЕРЏО ПЕРЕЗ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
6. ДАНИЕЛ РИКИАРДО - РЕНО | |
7. ЕСТЕБАН ОКОН - РЕНО | |
8. ПЈЕР ГАСЛИ - АЛФАТАУРИ | |
9. ЛАНДО НОРИС - МЕКЛАРЕН | |
10. ДАНИЕЛ КВЈАТ - АЛФАТАУРИ | |
11. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ - ФЕРАРИ | |
12. ЧАРЛС ЛЕКЛЕР - ФЕРАРИ | |
13. ЛЕНС СТРОЛ - РЕЈСИНГ ПОИНТ | |
14. ЏОРЏ РАСЕЛ - ВИЛИЈАМС | |
15. КАРЛОС САИНЦ ЈР. - МЕКЛАРЕН | |
16. АНТОНИО ЏОВИНАЦИ - АЛФА РОМЕО | |
17. КИМИ РАИКОНЕН - АЛФА РОМЕО | |
18. КЕВИН МАГНУСЕН - ХАС | |
19. РОМАН ГРОЖАН - ХАС | |
20. НИКОЛАС ЛАТИФИ - ВИЛИЈАМС | |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |