Ленс Строл самоуверено ја предводеше Големата Награда на Турција, но по второто влегување во бокс, тој ја изгуби брзината и тонеше во поредокот. Канаѓанецот е збунет од големата гранулација(грејнинг) на интермедиа гумите на Пирели.
"Не разбирам зошто се случи тоа. Стартував на гумите за дожд, потоа се префрлив на интермедиа и возев со голема предност. Но, потоа гумите почнаа да стануваат многу грануларни, што ме чинеше секунда по круг. Направивме пит-стоп. Новите гуми веднаш почнаа да се гранулираат, сето тоа се случи наеднаш. На болидот му недостасуваше брзина. Треба да ја разбереме причината за ова. Страшен ден."
"Забележавме многу поени, но сепак се чувствувам фрустрирано, бидејќи бев во водство со 15 секунди предност и завршив деветти. Не разбирам како се случи ова. Поточно, разбирам, се работи за гранулацијата. Но, треба да откриеме зошто се случило ова. Имав многу повеќе проблеми од другите."
ЛЕНС СТРОЛ - FROM HERO TO ZERO
11/15/2020 08:22:00 PM
0
Share to other apps