Овој викенд, патеката Јас Марина е домаќин на последната трка од 2020 сезоната на Формула 1 Шампионатот, со која што се спушта завесата на времето на Себастијан Ветел со тимот на Ферари.
Во текот на шестте заеднички сезони, тој забележа 14 Победи, што го направи трет најуспешен возач на Ферари по Михаел Шумахер (72 победи) и Ники Лауда (15). ГН на Абу Даби ќе биде 118-та трка за Себ со тимот, со кој има 12 Пол позиции, 14 Најбрзи круга, 55 Подиуми и 1400 поени.
Себастијан Ветел: "Абу Даби е патека која никогаш не одговараше на нашите болиди, па затоа очекувам да биде интересен предизвик. Сепак, ќе го дадам својот максимум, како и секогаш, и бидејќи тоа ќе биде мојата последна трка со тимот, се надевам дека ќе можеме да уживаме и да го добиеме најдобриот можен резултат."
"Годините со Ферари беа одлично патување во кое заедно научивме многу. Имаше подеми и падови и ние двапати бевме близу до освојување на титулата, но тоа не се случи. Среќен сум што победивме на 14 трки заедно, но сигурно сакавме повеќе."
"Викендов ќе користам специјален дизајн на кацигата за да им се заблагодарам на тимот и на сите тифоси за нивната голема поддршка во последните шест години."
"Фактот дека, следната година ќе носам различни бои нема да ме спречи да сакам да разговарам со пријателите што ги оставам во Ферари. Вашата страст и вашата поддршка се дел од причината зошто овој тим е толку посебен."
Чарлс Леклер: "Дојдовме до крајот на прилично тешка сезона. Првиот сектор на патеката во Абу Даби е интересен, додека средниот и последните делови се малку помалку забавни. Оваа патека никогаш не била добар пријател на Ферари, дури и кога минатата година, успеавме да се искачиме на подиумот."
"Оваа година, да се забележи добар резултат ќе биде голем предизвик, бидејќи имам казна од три стартни места, поради судирот во првиот круг на трката за ГН на Сакир. Од моја страна, јас навистина сакам да ја завршам сезоната со убедлив учинок, така што ќе се обидам и ќе се подготвам што е можно подобро со инженерите, проучувајќи ги сите стратешки можности.
"Ова е исто така последната трка на Себ со тимот, и на некој начин, крај на една ера. Би било фантастично ако и двајцата можеме да имаме одлична трка за одбележување на овој посебен момент. Тој играше многу важна улога во историјата на Ферари и заслужува да го заврши овој пат со резултат достоен за неговата кариера во тимот."
СОНЦЕТО ЗАОЃА ЗА ВРЕМЕТО НА СЕБ СО ФЕРАРИ ВО АБУ ДАБИ
12/10/2020 01:14:00 PM
0
Share to other apps









