По повеќе од четириесет години во Формула 1, 399 стартови, 35 победи и две шампионски титули, Големата Награда на Абу Даби ќе биде последната трка за Рено, тим кој од следната година ќе го смени името во Алпине Ф1. Во чест на овој настан, Фернандо Алонсо ќе вози неколку круга во Јас Марина во нивниот шампионски болид R25 од 2005 година.
Болидот последен пат беше користен за демонстративни цели во далечната 2006 година, а потоа беше зачуван во колекцијата на Renault Classic сè додека во 2018 година не беше одлучено целосно да се реставрира и врати во тркачка кондиција.
Првично, како мегдан за негов кам-бек на патеките беше планирана ГН на Франција, но поради пандемијата, трката беше откажана, а реставрацијата беше прекината. Како резултат, работата, која вклучуваше целосен ремонт на моторот, заврши во октомври, а во средината на ноември, R25 излезе на патеката Ла Ферте-Гоше, близу Париз.
Фернандо Алонсо ќе извози три серии демо-кругови во R25, во петок, сабота и недела.
"Многу емотивен момент да се види R25 повторно на патеката со Фернандо зад воланот. Неговите настапи во нашиот тим станаа дел од класичниот период во Формула 1, со кој секогаш ќе бидеме горди."
"R25 ги симболизира нашите достигнувања во минатото, а враќањето на Фернандо зборува за нашата желба да постигнеме нови успеси, да ги вратиме тие неверојатни моменти и емоции."
"Нашите нови резултати ќе бидат забележани под ново име, но сите идни успеси се почит кон неверојатната историја на Рено во Формула 1." - изјави, Кирил Абитебул, тимскиот шеф на Рено Ф1.
АЛОНСО СЕ ВРАЌА, РЕНО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА НА ФОРМУЛА 1
12/10/2020 11:28:00 AM
0
Share to other apps



