Слично како во Бахреин, Т1 и Т3 во Абу Даби се одржуваат во текот на денот, додека Т2, квалификациите и трката се одржуваат ноќе. Однесувањето на гумите е различно во потоплите дневни температури, така што тимовите треба да го имаат ова во предвид при подесувањето на болидите и во планот на возење. Со 21 свиок (12 леви и 9 десни), патеката Јас Марина има најмногу од сите патеки во тековниот 2020 календар.
"Последниот тркачки викенд го започнуваме со желба да се рехабилитираме по неуспешната трка во Сакир, каде Џорџ и Валтери ја пропуштија можноста за победа. Проблемите при пит-стоп ни дозволија да идентификуваме слаба точка во нашите радио комуникации, но презедовме мерки, и технички и организациски, за да не се повтори ова."
"Сеуште не знаеме кој ќе вози за нашиот тим. Состојбата на Луис се подобрува, но засега нема информации дали може да седне зад воланот. Знаеме дека тој е решен да настапи, и од наша страна, даваме се од себе, но неговото здравје е наш врвен приоритет. Ќе ја анализираме ситуацијата и ќе донесеме одлука."
"За викендов имаме специјално изненадување за нашите членови. Во сабота и недела, ќе имаме малку изменет изглед на нашите болиди, т.е. на нив ќе ги запишеме имињата на целиот персонал од базите во Брекли и Бриксворт. Сите завршивме одлична работа, го кренавме границите уште повисоко и се надеваме дека овој гест ќе ја покаже нашата благодарност до сите што учествуваа."
"Викенд во Абу Даби е секогаш забавен и го има чувството на крај на сезоната, иако оваа година атмосферата поради ограничувањата со коронавирусот ќе биде малку поинаква од порано. Како никогаш порано, сакаме да ја завршиме сезоната со добар резултат и да одиме на зимски одмор во позитивно расположение."
TOTO ВОЛФ - ЗБОР, ДВА ЗА ПОСЛЕДНАТА ТРКА ОД СЕЗОНАТА
12/09/2020 08:40:00 PM
0
Share to other apps

