Новата ера на Рејсинг Поинт, т.е. Астон Мартин Ф1 тимот официјално започна. Денес беше откриен првиот поглед на новиот идентитет со COGNIZANT како главен спонзор, американска мултинационална ИТ компанија.
Официјалното име на тимот ќе биде Aston Martin Cognizant Formula One Team кога ќе се постави на гридот за новата 2021 сезона. Во спорт каде што технологијата и иновациите се централен фокус, Когнизант ќе има клучна улога, не само како спонзор, туку како вистински партнер за дигитална трансформација со вистинска цел. Повеќегодишната соработкаќе треба да го опреми тимот со најдобра ИТ инфраструктура и софтверски решенија на пазарот.
Денешните вести се совпаѓаат со првите чекори на сосема нова веб-страница, како и профилите на социјалните мрежи. Презентацијата на новиот болид ќе биде во март, на настан организиран во глобалното седиште на Астон Мартин во Гајдон, кога ќе биде претставена и возачката постава, Себастијан Ветел, четирикратен Ф1 Шампион и Ленс Строл.
Себастијан Ветел: "Едвај чекам да седнам во болидот на Астон Мартин Когнизант. Сепак, има многу што да научам во следните неколку месеци, но решен сум да му помогнам на тимот да стане поуспешен. Имаме уште многу работа пред славниот бренд да ја има првата трка по враќањето. Горд сум што сум дел од овој проект."
Ленс Строл: "Одлично е да се види враќањето на бренд како Астон Мартин во Формула 1, со нов главен спонзор, Когнизант. Целиот тим е гладен за успех и едвај чекам да ја започнам сезоната."
АСТОН МАРТИН Ф1 СО COGNIZANT КАКО ГЛАВЕН СПОНЗОР
1/07/2021 03:31:00 PM
0
Share to other apps