Петтата етапа на Дакар релито помеѓу Ријад и Ал-Каjсум заврши со победа на возачот на Тојота, Јужно-Африканецот, Жинел де Вилиер.
По четири етапи на Дакар, Де Вилиер беше рангиран на дваесет и второто место во генералниот пласман, но победата на 456 километри долгата 5-та етапа овозможи јужноафриканецот да се искачи на дванаесеттото место.
Неговите ривали денес не беа Ал-Атија или Петерхансел, туку Брајан Барагванат, кој ја мина целата линија на помалку од една минута зад својот сонародник.
Хенк Латеган, кој покажа молскавично темпо во последните две етапи, (по едно второ и трето место) беше единствениот возач кој денес мораше да се откаже од релито, по несереќата во која заработи скршена клучна коска
Лидерот во генералниот пласман, Стефан Петерхансел, во одреден момент го имаше петтото место, но како што наближуваше целта тој напредуваше и заврши на третото место две и пол минути зад лидерот.
Сепак, овој резултат не го вознемири премногу, бидејќи денес тој "заработи" повеќе од две минути против неговиот главен ривал Насер Ал-Атија, кој заврши четврти.
Со 4-та победа за Кевин Бенавидес и 12-тата за Николас Кавиљасо, двајцата победници на денот во категориите моторцикли и квадови го зголемија бројот на етапни, 75, победи за Аргентински возачи. Оваа импресивна бројка пред се должи на успесите во категоријата на квадови, каде имаат 62 триумфи, вклучувајќи 28 од браќата Маркос и Алехандро Патронели во екот на нивниот зенит.
За да продолжи да ја пишува историјата на својата земја, на Дакар релито, Бенавидес може да се обиде да го стигне Орландо Теранова, кој има 6 етапни победи во категоријата на автомобили, додека Кавиљасо се приближува до вкупниот број победи на Маркос Патронели, 18.
Победата во категоријата камиони ја освои екипажот на екипата КАМАЗ на Андреј Каргинов. Втор беше екипажот на Алексеј Вишневски од МАЗ-СПОРТАУТО кој заврши со повеќе од две минути заостанување. Вчерашниот победник, Димитриј Сотников, заврши трет, една минута зад Вишневски.
Во генералниот пласман, предноста на екипажот на Сотников е повеќе од половина час. Второто место го презеде екипажот на Антон Шибалов. Екипажот на Мартин Мацик од Ивеко, кој ја зазеде втората позиција ден претходно, падна на третото место, педесет и една минута зад лидерот.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 302 STÉPHANE PETERHANSEL/EDOUARD BOULANGER
X-RAID MINI JCW TEAM
18:28.02
2 301 NASSER AL-ATTIYAH/MATTHIEU BAUMEL
TOYOTA GAZOO RACING
18:34.13
+ 00:06.11
3 300 CARLOS SAINZ/LUCAS CRUZ
X-RAID MINI JCW TEAM
19:16.15
+ 00:48.13
МОТОРЦИКЛИ
1 47 KEVIN BENAVIDES
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
20:15.39
2 12 XAVIER DE SOULTRAIT
HT RALLY RAID HUSQVARNA RACING
20:18.10
+ 00:02.31
3 4 JOSE IGNACIO CORNEJO FLORIMO
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
20:19.21
+ 00:03.42
КАМИОНИ
1 507 DMITRY SOTNIKOV/RUSLAN AKHMADEEV/ILGIZ AKHMETZIANOV
KAMAZ-MASTER
20:16.18
2 501 ANTON SHIBALOV/DMITRII NIKITIN/IVAN TATARINOV
KAMAZ-MASTER
20:50.11
+ 00:33.53
2 503 MARTIN MACIK/FRANTISEK TOMASEK/DAVID SVANDA
BIG SHOCK RACING
21:07.29
+ 00:51.11
КВАДОВИ
1 150 NICOLAS CAVIGLIASSO
DRAG'ON RALLY TEAM
24:23.30
2 154 MANUEL ANDUJAR
7240 TEAM
24:47.18
+ 00:23.48
3 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
25:10.53
+ 00:47.23
ЖИНИЕЛ ДЕ ВИЛИЕР ПОБЕДНИК, ЛАТЕГАН ЗАРАБОТИ СКРШЕНА КЛУЧНА КОСКА
1/07/2021 09:14:00 PM
0
Share to other apps