Во меѓувреме, Карлос Саинц финишираше како трет, губејќи само една минута од својот тимски колега, но во исто време беше и пред Насер Ал-Атија, кој заврши една и пол минута подоцна.
Победата и припадна на Тојота, автомобил управуван од меѓународниот екипаж на чело со Саудиецот Јазид Ал-Раџи, чиј навигаторот е Германецот, Дирк фон Зицевиц. Но, Петерхансел продолжува да води во генаралниот пласман, без нити една етапна победа до овој момент.
Проблемите со навигацијата се ноќна мора за екипажот на Карлос Саинц. Во првиот дел од етапата тие се држеа во близина на Петерхансел, но потоа мораше да забават поради дупната гума. Покрај тоа, извесно време, екипажот на минатогодишниот победник на Дакар релито, изгуби поради грешки во навигацијата.
Сепак, Ел Матадор успеа да финишира пред Ал-Атија, но разликата е огромна. Катарецот беше претпазлив, но, исто така и неговиот автомобил имаше дупната гума.
Победникот на воведната етапа, Рики Брабек, беше најбрз и на денешната етапа, победувајќи ги Хозе Игнацио Корнехо и Скајлер Хаус со повеќе од две минути. Сем Сандерленд се најде на четвртото место, со нешто помалку од три минути задоцнување.
Чилеанецот, Корнехо, е лидер во генералниот пласман, со една секинда предност пред Тоби Прајс, претставникот на фабричкиот тим КТМ.
Во класата на квадови, првото место го освои Аргентинецот, Мануел Андухар, кој вози Јамаха 700. Тој е исто така лидер во оваа категорија.
Рускиот тим, КАМАЗ-МАСТЕР доминира во класата на камиони. Етапен победник е екипажот на Димитриј Сотников, тој на Ајрат Мардеев задоцни за помалку од три и пол минути, додека камионот на Антон Шибалов ја мина целта пет минути подоцна. Четвртото место му припадна на белоруското трио од МАЗ-СПОРТАУТО, предводено од Алексеј Вишневски, пред КАМАЗ-от на Андреј Каргинов.
Во генералниот пласман, екипажот на Сотников продолжува да води во оваа категорија, а неговата предност веќе порасна на скоро 46 минути, што може да се смета за одлична основа за победа во класата на камиони.
2021 ДАКАР РЕЛИ ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН |
|||||
П. | РБ | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
АВТОМОБИЛИ | |||||
1 | 302 | STÉPHANE PETERHANSEL EDOUARD BOULANGER | X-RAID MINI JCW TEAM | 26:36.50 | |
2 | 301 | NASSER AL-ATTIYAH MATTHIEU BAUMEL | TOYOTA GAZOO RACING | + 00:07.53 | |
3 | 300 | CARLOS SAINZ LUCAS CRUZ | X-RAID MINI JCW TEAM | + 00:41.06 | |
4 | 307 | JAKUB PRZYGONSKI TIMO GOTTSCHALK | ORLEN TEAM/OVERDRIVE | + 01:22.48 | |
5 | 311 | NANI ROMA ALEXANDRE WINOCQ | BAHRAIN RAID XTREME | + 01:59.00 | |
МОТОРЦИКЛИ | |||||
1 | 4 | JOSE IGNACIO FLORIMO | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | 28:51.31 | |
2 | 3 | TOBY PRICE | RED BULL KTM FACTORY TEAM | + 00:00.01 | |
3 | 5 | SAM SUNDERLAND | RED BULL KTM FACTORY TEAM | + 00:02.11 | |
4 | 12 | XAVIER DE SOULTRAIT | HT RALLY RAID HUSQVARNA RACING | + 00:02.34 | |
5 | 47 | KEVIN BENAVIDES | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | + 00:07.29 | |
КАМИОНИ | |||||
1 | 507 | DMITRY SOTNIKOV RUSLAN AKHMADEEV ILGIZ AKHMETZIANOV | KAMAZ-MASTER | 29:12.10 | |
2 | 501 | ANTON SHIBALOV DMITRII NIKITIN IVAN TATARINOV | KAMAZ-MASTER | + 00:45.56 | |
3 | 509 | AIRAT MARDEEV DMITRIY SVISTUNOV AKHMET GALIAUTDINOV | KAMAZ-MASTER | + 01:05.06 | |
4 | 504 | ALES LOPRAIS PETR POKORA KHALID ALKENDI | INSTAFOREX LOPRAIS PRAGA | + 01:21.47 | |
5 | 505 | ALIAKSEI VISHNEUSKI MAKSIM NOVIKAU SIARHEI SACHUK | MAZ-SPORTAUTO | + 01:46.30 | |
КВАДОВИ | |||||
1 | 154 | MANUEL ANDUJAR | 7240 TEAM | 35:46.53 | |
2 | 152 | ALEXANDRE GIROUD | TEAM GIROUD | + 00:20.55 | |
3 | 159 | GIOVANNI ENRICO | ENRICO RACING TEAM | + 00:25.55 | |
4 | 168 | ITALO PEDEMONTE | ENRICO RACING TEAM | + 02:08.28 | |
5 | 163 | PABLO COPETTI | MX DEVESA BY BERTA | + 02:12.24 | |
ПОБЕДНИЦИ ПО ЕТАПИ АВТОМОБИЛИ
0 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
1 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
2 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
3 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
4 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
5 GINIEL DE VILLIERS - TOYOTA GAZOO RACING
6 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
7 YAZEED AL RAJHI - OVERDRIVE TOYOTA
|
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |