Во 2021 година, времетраењето на петочните тренинг сесии ќе се намали од 90 минути на еден час. Оваа промена е направена во Спортските правила кои се објавени на официјалната веб-страница на ФИА.
Саботниот тренинг ќе остане непроменет, 60 минути. Така, во 2021 година, вкупното времетраење на тренинг сесиите ќе се намали од четири часа на три.
Член 32 од спортските правила за 2021 сезоната гласи:
В
32.1
а) Две тренинг сесии (Т1 и Т2), секоја во траење од еден час и одделени со најмалку два и пол часа, ќе се одржат на вториот ден од Ф1 викендот.
б) Понатамошната тренинг сесија (П3), која трае еден час и започнува не помалку од деветнаесет (19) часа по завршувањето на П2, ќе се одржи еден ден пред трката.
Либерти Медиа не крие дека посакуваат Ф1 сезоната да трае 25 трки, но со оваа опција, вработените во секој тим ќе имаат сериозно зголемување на нивниот обем на работа, а во услови на огранични буџети повеќето од тимовите нема да се согласат на на ваквите промени.
Промената на времетраењето на петочните тренинзи може да се смета за чекор кон намалување на форматот на тркачкиот викенд.
ФОРМАТОТ НА Ф1 ВИКЕНДОТ СЕ МЕНУВА ВО 2021 СЕЗОНАТА
12/30/2020 07:09:00 PM
0
Share to other apps