Поранешниот шеф на сопствениот тим, Еди Џордан, како и ние, во интервју за германскиот Билд, тврди дека договорот меѓу Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон наскоро ќе биде потпишан.
"Шпекулациите и неизвесноста околу овој договор е само за да се привлече внимание. Очигледно Мерцедес не се согласува со условите. Слушнав дека Луис сака повеќе отколку што тие се подготвни да платат, сака дел од заработката на тимот и влијателна улога во компанијата."
"Да бев шеф на Дајмлер, ќе му ја покажев вратата велејќи: Ако сакаш вози според наши услови, или замини. Кога Аиртон Сена почина во 1994 година, Берни Еклстоун му рече на тимот: Престанете да лелекате, секој може да биде заменет. Луис треба да го разбере тоа."
ЕДИ ЏОРДАН: СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАМЕНЕТ
1/18/2021 07:58:00 PM
0
Share to other apps