Серџо Перез ја посети базата Ред Бул каде во изминатите денови се сретна со тимот и работеше на симулаторот. Денес прес-службата на тимот го објави првото интервју на Мексиканецот како возач на Ред Бул.
- Како се чувствувавте откако дознавте дека местото во тимот е ваше?
Серџо Перез: "Прекрасно! Цела моја кариера чекав можност да возам за врвен тим, сега имам таква можност и тоа во многу погоден момент. Со нетрпение очекувам да работам со инженерите, со Макс, за да го водам тимот напред. Ме чека интересен предизвик, сакам што побрзо да се вратам на патеката. Моето семејство е многу среќно што започнувам нов проект. Тие целосно ме поддржуваат. Се надевам дека ќе можам да им пружам прекрасни моменти, и да го доведам Ред Бул на врвот."
- Кој беше првиот впечаток за тимот и базата?
Серџо Перез: "Одлично е да се биде дел од семејството на Ред Бул. Од првите минути во базата, разбирате дека тимот постигна успех благодарение на луѓето и инфраструктурата. Постојат разлики од тимовите за кои возев претходно. Овој тим има повеќе вработени и многу повеќе ресурси, што е импресивно."
"Возев во ист тим седум години, сега сè е ново за мене, јас сум како куче што го смени сопственикот. Со текот на годините се навикнувате на луѓето, но сега сè се смени. Но, веќе се чувствувам попријатно во Ред Бул, ова е фантастичен тим каде сите работат заедно, поддржани сме од многу фанови. Можноста да се работи со Адријан Њуи и многу други е остварување на сонот. Професионалното ниво на инженерите во тимот е навистина импресивно."
- Што можете да му дадете на тимот?
Серџо Перез: "Пред сè, сакам да му се заблагодарам на Ред Бул за оваа неверојатна можност, на Дитрих Матешиц, Хелмут Марко, Кристијан Хорнер, за фактот дека веруваат во мене. Многу ми значи."
"Верувам дека можам да му дадам на тимот искуство и знаење. Во Формула 1 возев за различни тимови според различни технички прописи. Знам каков болид ми треба, знам како да го водам тимот напред. Јасно е дека прво треба да го почекаме новиот болид, но јас веќе имам неколку идеи што ги споделив со тимот. Се надевам дека ќе се покажеме конкуретни на патеките."
- Вашата прва победа беше одлучувачки фактор за да добиете место во тимот?
Серџо Перез: "Мислам дека победата играше улога, но мислам дека не беше одлучувачка. Јас сум во Формула 1 веќе десет години, луѓето знаат за што сум способен. Да, ме чека нов предизвик и нови можности, па мора да докажам дека можам да го направам следниот чекор. Сега ќе имам на располагање болид што ќе ми го овозможи тоа."
"Минатата година го имав најдобриот болид што го имав возено, па можев појасно да ја демонстрирам мојата способност. Тешко дека само една трка може да биде показател на вашите можности, дефинитивно мојата победа помогна за трансферот во Ред Бул."
- Како ќе се чувствувате кога за прв пат ќе излезете на гридот во боите на Ред Бул?
Серџо Перез: "Да бидам искрен, сè уште не можам да верувам дека сега сум во овој тим. Кога се облекувам со логоата на Ред Бул, си велам: Вау!"
"Всушност, никогаш не размислував за можноста да се преселам во Ред Бул, бидејќи не бев учесник во нивната програма за млади возачи. Како што се испостави, сè е можно во животот, сега мојот сон се оствари. Се надевам на успешен почеток на соработка и подеднакво успешна сезона."
- Што очекувате од настапите во ист тим со Макс Ферстапен?
Серџо Перез: "Пред мене е сериозен предизвик. Сите знаеме колку е брз и талентиран Макс, што постигна во последните неколку години. Макс е еден од најдобрите и еден од најбрзите, ако не и најбрзиот, меѓу сегашните возачи на Формула 1. Тој е во тимот многу години, знае што сака од болидот, па ме чека предизвик. Сепак, со нетрпение очекувам да започнам со Макс. Заедно ќе го водиме тимот напред."
- На што најмногу се радувате од претстојната сезона?
Серџо Перез: "Болидот! Би сакал да разберам колку ќе бидеме конкурентни, колку ќе ја намалиме разликата со Мерцедес АМГ. Се надеваме дека ќе можеме редовно да ги победуваме со два болиди, иако знаеме дека тоа не е лесно. Ќе треба време, Формула 1 радикално да ја промени рамнотежата на силите, но врз основа на она што го слушнав од инженерите кои напорно работат оваа зима, имаме причина да бидеме оптимисти."
- Каков работен пристап ќе користите во Ред Бул?
Серџо Перез: "Во новиот тим од првите денови мора да се научи многу, потребно е време. Ќе напредувам како што ќе го запознавам болидот, а тимот ќе разбере што ми треба. Пред почетокот на сезоната, планирам да поминам многу време со инженерите, тоа ќе биде клучно за брза адаптација во тимот."
"Веќе поминав неколку дена на симулаторот, добивајќи идеја за можностите на болидот. Како и да е, како што реков, ништо не е лесно, потребно е време да се дознае. Оваа година тест деновите се драстично намалени. Пред почетокот на сезоната ќе имам само еден и пол дена работа на патеката, што е многу малку. Оваа година многу возачи сменија тимови, па интересно е да се види кој побрзо ќе се адаптира во новиот тим."
- Дали 2020 сезоната ве направи посилен и поодлучен?
Серџо Перез: "Минатата година беше навистина тешка. Јас бев првиот возач кој го доби коронавирусот. Сега сите се навикнати на болеста, но во тоа време сите ве покажуваа како будала што го зафати вирусот. Беше многу непријатно. Тоа се случи и во критично време во мојата кариера кога се зборуваше за договор. Тогаш го загубив местото во тимот, но сè заврши добро."
"Сепак, не знаев како ќе се развиваат настаните. Знаев дека имам добра кариера и не се предавав. Секој викенд давав се од себе и чекав што ќе се случи следно. Во одреден момент се појави можност да преминам во Ред Бул."
"Понекогаш се чинеше дека имам добри шанси, понекогаш се чинеше дека шансите се намалуваат, но на крајот успеав. Оваа можност се појавува само еднаш во животот. Го знам ова и нема да ја пропуштам мојата шанса."
- Во 50 годишната историја на Формула 1 ја донесовте првата Победа за Мексико. Фановите започнаа иницијатива за ваше останување во Шампионатот. Како се чувствувавте по огромната подршка од Мексиканскиот народ?
Серџо Перез: "Тоа беше посебен момент! Во моментите кога го изгубив возачкото место, ми беше потребна подршка. Не ја изгубив мотивацијата за тркање, но тоа беше теќок удар за мене. Му дадов се на тој тим, и на некој начин, не го очекував тоа."
"Подршката од моите фанови и Мексиканскиот народ ми даде уште поголема мотивација и со нетрпение очекувам да го возам болидот на Ред Бул на Мексиканското Гран При, ќе биде фантастично!!! Сигурен сум дека многу Мексиканци го засакаа тимот на Ред Бул."
- Што мислите за одложувањето на почетокот на сезоната за Бахреин?
Серџо Перез: "Не гледам ништо лошо во тоа, со оглед на тоа колку може да биде ладно ова време од годината на други места. Мислам дека патеката во Бахреин ќе биде добра референтна точка и ќе ми помогне побрзо да добијам брзина, бидејќи прво ќе спроведеме тестови таму, а потоа и трката. Не мислам дека тоа радикално ќе промени нешто, но ќе биде малку полесно за мене."
- Дали со нетрпение очекувате да започнете со Хонда?
Серџо Перез: "Со нетрпение очекувам да започнам да работам со нив, со инженерите. Сигурен сум дека тие ќе продолжат да даваат се од себе во нивната финална Формула 1 сезона. Сите во Ред Бул сакаме да ја завршиме соработката на високо ниво, да и донесеме титула на Хонда. Ќе дадеме се од себе за ова."
ПРВО ИНТЕРВЈУ ЗА СЕРЏО ПЕРЕЗ КАКО ВОЗАЧ НА РЕД БУЛ
1/20/2021 11:25:00 PM
0
Tags
Share to other apps