Победата во четвртата етапа на Дакар релито ја извојува катарецот Насер Ал-Атија, за кого ова беше трета последователна победа. На целта, предноста на возачот на Тојота пред севкупниот лидер Стефан Петерхансел беше само единаесет секунди. Како трет финишираше, Хенк Латеган, со заостанување од 1,5 минути.
Себастијан Леб го забележа најдобриот свој резултат, завршувајќи четврти пред Карлос Саинц. Шпанецот повторно имаше проблеми со навигацијата, сега на претпоследната контролна точка. Како резултат на тоа, Саинц заврши како петти, скоро три минути зад победникот.
Во генералниот пласман, Петерхансел продолжува да води со предност од 4 минути 58 секунди пред Ал-Атија. Третото место го завзема Карлос Саинц, но неговата разлика со лидерот е повеќе од половина час.
Во категоријата на моторцикли, Сандерленд заврши 10 минути зад Победникот на етапата Џоан Бареда и рече:
"Се чинеше дека времињата ќе бидат прилично блиски, па немаше смисла да продолжам да форсирам."
Победник во категоријата на камиони беше екипажот на Димитриј Сотников. Андреј Каргинов, беше на десет секунди зад него на целта, а екипажот на МАЗ-СПОРАУТО предводен од Алексеј Вишневски заврши на третото четиринаесет секунди зад лидерот.
Вчерашниот победник Сергеј Вјазович од тимот МАЗ-СПОРАУТО се соочи со технички проблеми, што доведе до губење на неколку часа. Во генерален пласман води екипажот на Димитриј Сотников, дваесет и шест минути пред екипажот на Мартин Мацик од Ивеко.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 302 STÉPHANE PETERHANSEL/EDOUARD BOULANGER
X-RAID MINI JCW TEAM
13:16.12
2 301 NASSER AL-ATTIYAH/MATTHIEU BAUMEL
TOYOTA GAZOO RACING
13:20.10
+ 00:03.58
3 300 CARLOS SAINZ/LUCAS CRUZ
X-RAID MINI JCW TEAM
13:51.31
+ 00:35.19
МОТОРЦИКЛИ
1 12 XAVIER DE SOULTRAIT
HT RALLY RAID HUSQVARNA RACING
15:00.25
2 88 JOAN BARREDA BORT
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
15:00.40
+ 00:00.15
3 18 ROSS BRANCH
MONSTER ENERGY YAMAHA RALLY TEAM
15:05.49
+ 00:05.24
КАМИОНИ
1 507 DMITRY SOTNIKOV/RUSLAN AKHMADEEV/ILGIZ AKHMETZIANOV
KAMAZ-MASTER
14:45.58
2 502 MARTIN MACIK/FRANTISEK TOMASEK/DAVID SVANDA
BIG SHOCK RACING
15:12.20
+ 00:26.22
3 501 ANTON SHIBALOV/DMITRII NIKITIN/IVAN TATARINOV
KAMAZ-MASTER
15:12.55
+ 00:26.57
КВАДОВИ
1 150 NICOLAS CAVIGLIASSO
DRAG'ON RALLY TEAM
18:13.48
2 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
18:13.57
+ 00:00.09
3 159 GIOVANNI ENRICO
ENRICO RACING TEAM
18:21.21
+ 00:07.33
АЛ-АТИЈА ПОВТОРНО НАЈБРЗ, ИНТЕРЕСНА БОРБА КАЈ МОТОРЦИКЛИТЕ
1/06/2021 09:39:00 PM
0
Share to other apps