На втората етапа од Дакар релито, возачот на фабричкиот екипаж на Тојота, Насер Ал-Атија, се реваншираше за вчерашниот неуспех и победи со повеќе од две и пол минути предност од Стефан Петерхансел. Екипажот на Карлос Саинц заврши на третото место, со повеќе од 9 минути заистанување зад лидерот.
Шпанецот имаше проблеми со моторот, кои започнаа во последните 100 километри, кои минуваа главно низ пустина, и грешка при навигацијата.
"Трасата на специјалната етапа беше тешка, имаше неколку точки каде што требаше правилно да свртиме, а на едно од тие места изгубивме многу време. Потоа, на последните сто километри, започнавме да имаме проблеми со согорувањето, што предизвика пад на моќноста. Не знам која е точната причината, таа треба да се утврди."
Сега во генералниот пласман во категоријата на автомобили водството го превзеде Петерхансел, кој има неколку минутна предност во однос на Саинц и Ал-Атија. Секако сеуште сме на почеток, па редоследот може да се промени во секој момент.
Кај моторциклистите, Шпанецот Џоан Бареда беше најбрз на оваа етапа со Хонда. Во класата на квадови, втората етапа ја доби американецот Пабло Копети во Јамаха Раптор.
Во категоријата на камиони, како и на првата етапа, победник е екипажот на Димитриј Сотников, од тимот на КАМАЗ. Ајрат Мардеев заврши втор, заостанувајќи зад лидерот 4 минути и 17 секунди, од кои една минута е казнена. Третото и четвртото место денес ги зазедоа белоруските тркачи од тимот МАЗ-СПОРТАУТО.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1 302 STÉPHANE PETERHANSEL/EDOUARD BOULANGER
X-RAID MINI JCW TEAM
07:17.18
1 300 CARLOS SAINZ/LUCAS CRUZ
X-RAID MINI JCW TEAM
07:23.55
+ 00:06.37
3 301 NASSER AL-ATTIYAH/MATTHIEU BAUMEL
TOYOTA GAZOO RACING
07:26.32
+ 00:09.14
МОТОРЦИКЛИ
1 88 JOAN BARREDA BORT
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
08:15:38
2 1 RICKY BRABEC
MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021
08:22.01
+ 00:06.23
3 18 ROSS BRANCH
MONSTER ENERGY YAMAHA RALLY TEAM
08:22.15
+ 00:06.37
КАМИОНИ
1 507 DMITRY SOTNIKOV/RUSLAN AKHMADEEV/ILGIZ AKHMETZIANOV
KAMAZ-MASTER
08:01.39
2 502 SIARHEI VIAZOVICH/PAVEL HARANIN/ANTON ZAPAROSHCHANKA
MAZ-SPORTAUTO
08:18.53
+ 00:17.14
3 501 ANTON SHIBALOV/DMITRII NIKITIN/IVAN TATARINOV
KAMAZ-MASTER
08:23.42
+ 00:22.03
КВАДОВИ
1 152 ALEXANDRE GIROUD
TEAM GIROUD
10:08.48
2 159 GIOVANNI ENRICO
ENRICO RACING TEAM
10:09.57
+ 00:01.09
3 163 PABLO COPETTI
MX DEVESA BY BERTA
10:11.28
+ 00:02.40
АЛ-АТИЈА ПОБЕДНИК, САИНЦ СО ПРОБЛЕМАТИЧНА ВТОРА ЕТАПА
1/04/2021 06:01:00 PM
0
Share to other apps