2021 Ф1 сезоната најверојатно нема да започне со трката за ГН на Австралија како што беше планирано, за која веќе и сериозните Ф1 сајтови најавуваат дека ќе се одложи. По нарушената 2020 сезона, поради пандемијата на коронавирусот, Австралиското ГП, кое минатата година беше откажано, требаше да ја започне рекордната сезона со 23 трки на 21 Март, но...
Според Скај Спортс, трката сега треба да се одложи за подоцна во текот на годината, поради строгите и нови ограничувања во Мелбурн. Здравствените власти на Австралија воведоа задолжителен 14 дневен карантин, за кој се верува дека ќе го опфати и персоналот на Формула 1, по што организацијата на настанот ќе биде невозможна.
Двонеделниот карантин ќе значи дека тимовите и придружниот персонал ќе треба да допатуваат три недели пред датумот на трката, а единствената тридневна предсезонска тест сесија е закажана за 2-4 Март. Официјалното одложување се чини неизбежно, што значи дека ГН на Бахреин најверојатно ќе ја отвори 2021 сезоната.
Минатата година настанот во Мелбурн беше откажан непосредно пред петочниот тренинг, предизвикувајќи голем број на одложувања и откажувања, но во Ф1 уверуваат дека тоа нема да се повтори во 2021 година. Поголема грижа е како би се нашол слободен термин за презакажување на Австралиското ГП во веќе пренатрупаниот 2021 календар
Трката, најверојатно ќе мора да почека до летниот одмор, поради времето во Австралија. Втората половина од сезоната започнува со две серии од три последователни трки, првата во Белгија, Холандија и Италија, а втората по пауза од само една недела во Русија, Сингапур и Јапонија
Следува слободен викенд во Октомври, пред карванот да замине во САД и Мексико, со Бразил две недели подоцна на 14 Ноември. Двете последователни трки на Блискиот исток, во Саудиска Арабија и Абу Даби на 28 ноември и 5 декември, треба да ја финишираат сезоната.
Исто така, четвртата трка, или трета, доколку се одложи Австралија, допрва треба да биде потврдена. Во моментот патеката Имола е фаворит да го земе местото закажано за 25 април од 2021 календарот.
Доколку дојде до отварање на 2021 сезоната на патеката Сакир, тоа може да резултира со преместување на предсезонската тест сесија во Бахреин, а која моментално е закажана за патеката Каталуња во Барселона.
СЕ ПОИЗВЕСНО ОДЛОЖУВАЊЕ НА АВСТРАЛИСКОТО ГРАН ПРИ
1/04/2021 04:30:00 PM
0
Share to other apps