Французинот, со првата етапна победа ја зголеми неговата предност на 17 минути и 50 секунди, така што на три етапи пред крајот на релито е на чекор од неговата 14-та победа во кариерата на Дакар релито.
Насер Ал-Атија изгуби многу време поради две дупнати гуми и проблеми со навигацијата, но сепак заврши втор со само деветнаесет секунди пред Жиниел де Вилие.
Карлос Саинц продолжува да го зазема третото место во генералниот пласман, но разликата од Петрансел е веќе повеќе од еден час, а Шпанецот губи повеќе од четириесет минути од Ал-Атија, со што реално ги изгуби шансите за победа. На денешната етапа, Ел Матадор загуби повеќе од дваесет минути поради проблеми со сопирачките.
Тоби Прајс е губник на денот. Австралијанецот, во моменти кога изгледаше дека има одлични шанси да се бори за севкупната победа, со два етапни успеси зад себе, имаше несреќа на 155-от километар од денешната етапа. Неговиот тимски колега, Сем Сандерленд и носителот на титулата Рики Брабек застанаа за да му помагаат додека се чекаше лекарскиот тим.
Тој беше пренесен со хеликоптер во болница каде му беше дијагностицирана фрактура на клучната коска. Како резултат на тоа, двократниот победник на Дакар беше принуден предвреме да ја заврши трката.
Во пласманот на камиони, деветтата етапа ја освои Мартин Мацик од Ивеко, кој беше две минути пред екипажот на КАМАЗ на Ајрат Мардеев. Лидерот во генералниот пласман, Димитриј Сотников заврши на десет секунди заостанување зад неговиот тимски колега.
Двата други екипаж на КАМАЗ, Антон Шибалов и Андреј Каргинов, завршија на петтото и шестото место, губејќи повеќе од четири минути од победникот.
Во генералниот пласман, екипажот на Сотников е четириесет и пет минути пред екипажот на Шибалов и повеќе од еден час пред Мардеев. Победникот на денешната етапа Мацик е на петтото место, заостанува скоро два часа.
2021 ДАКАР РЕЛИ ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН |
|||||
П. | РБ | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
АВТОМОБИЛИ | |||||
1 | 302 | STÉPHANE PETERHANSEL EDOUARD BOULANGER | X-RAID MINI JCW TEAM | 34:26.16 | |
2 | 301 | NASSER AL-ATTIYAH MATTHIEU BAUMEL | TOYOTA GAZOO RACING | + 00:17.50 | |
3 | 300 | CARLOS SAINZ LUCAS CRUZ | X-RAID MINI JCW TEAM | + 01:02.55 | |
4 | 307 | JAKUB PRZYGONSKI TIMO GOTTSCHALK | ORLEN TEAM/OVERDRIVE | + 02:16.30 | |
5 | 311 | NANI ROMA ALEXANDRE WINOCQ | BAHRAIN RAID XTREME | + 02:42.38 | |
МОТОРЦИКЛИ | |||||
1 | 4 | JOSE IGNACIO FLORIMO | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | 36:51.00 | |
2 | 47 | KEVIN BENAVIDES | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | + 00:11.24 | |
3 | 5 | SAM SUNDERLAND | RED BULL KTM FACTORY TEAM | + 00:14.34 | |
4 | 1 | RICKY BRABEC | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | + 00:17.26 | |
5 | 88 | JOAN BARREDA BORT | MONSTER ENERGY HONDA TEAM 2021 | + 00:29.00 | |
КАМИОНИ | |||||
1 | 507 | DMITRY SOTNIKOV RUSLAN AKHMADEEV ILGIZ AKHMETZIANOV | KAMAZ-MASTER | 37:42.49 | |
2 | 501 | ANTON SHIBALOV DMITRII NIKITIN IVAN TATARINOV | KAMAZ-MASTER | + 00:45.03 | |
3 | 509 | AIRAT MARDEEV DMITRIY SVISTUNOV AKHMET GALIAUTDINOV | KAMAZ-MASTER | + 01:13.05 | |
4 | 504 | ALES LOPRAIS PETR POKORA KHALID ALKENDI | INSTAFOREX LOPRAIS PRAGA | + 01:30.15 | |
5 | 503 | MARTIN MACIK FRANTISEK TOMASEK DAVID SVANDA | BIG SHOCK RACING | + 01:49.09 | |
6 | 505 | ALIAKSEI VISHNEUSKI MAKSIM NOVIKAU SIARHEI SACHUK | MAZ-SPORTAUTO | + 02:39.11 | |
КВАДОВИ | |||||
1 | 154 | MANUEL ANDUJAR | 7240 TEAM | 46:35.11 | |
2 | 152 | ALEXANDRE GIROUD | TEAM GIROUD | + 00:19.28 | |
3 | 159 | GIOVANNI ENRICO | ENRICO RACING TEAM | + 00:24.15 | |
4 | 163 | PABLO COPETTI | MX DEVESA BY BERTA | + 02:57.13 | |
5 | 168 | ITALO PEDEMONTE | ENRICO RACING TEAM | + 03:04.34 | |
ПОБЕДНИЦИ ПО ЕТАПИ АВТОМОБИЛИ
0 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
1 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
2 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
3 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
4 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
5 GINIEL DE VILLIERS - TOYOTA GAZOO RACING
6 CARLOS SAINZ - X-RAID MINI JCW TEAM
7 YAZEED AL RAJHI - OVERDRIVE TOYOTA
8 NASSER AL-ATTIYAH - TOYOTA GAZOO RACING
9 STÉPHANE PETERHANSEL - X-RAID MINI JCW TEAM
|
|||||
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |