30.10.2020 Доставена нацрт верзијата на 2021 календарот со можност за рекордни 23 трки. Во игра е нова улична трка во Џеда, вториот по големина град во Саудиска Арабија.
5.11.2020 Oфицијално беше потврдена трката за ГН на Саудиска Арабија, која ќе се одржи во месец ноември, и ќе биде ноќна трка.
10.11.2020. Формула 1 го претстави календарот за 2021 сезоната. Според распоредот, шампионатот започнува на 21 Март во Мелбурн и завршува на 5 Декември во Абу Даби.
Планирани се вкупно 23 трки, но местото на ГН Виетнам (25 Април), сè уште е празно. Потврдена е датата за инаугуралната трка за ГН на Саудиска Арабија, 28 Ноември 2021 година.
Календарот допрва треба да биде одобрен на состанокот на Светскиот совет на ФИА, но ова не е ништо повеќе од формалност.
17.12.2020 2021 календарот беше одобрен од Светскиот совет на ФИА за мотоспорт.
07.01.2021 Организаторите на Австралиското Гран При се во тешка ситуација околу организацијата на трката и се е поизвесен старт на сезоната во Бахреин, но ограничувањата поради коронавирусот може да влијаат и на третата трка од сезоната, Кинеското Гран При, закажано за 11 Април.
12.01.2021 Формула 1 ja објави изменетата верзија на календарот за 2021 сезоната, која ќе стартува на 28 Март во Бахреин. Големата Награда на Австралија е одложена и ќе се одржи на есен. Големата Награда на Кина нема да се одржи на договорениот датум, наместо неа во таа фаза од календарот, ќе гледаме трка во Имола.
11.02.2021 Комисијата за Формула 1 потврди дека Португалското ГП се враќа во календарот, доколку биде постигнат договор со неговите организатори и промотори.
ОФИЦИЈАЛЕН КАЛЕНДАР ЗА 2021 ГОДИНА | ||
П. | TРКА | ПАТЕКА |
1. | Бахреин |
Бахреин, 28 Март |
2. | Италија |
Имола, 18 Април |
3. | Португалија | Алгарве, 2 Мај |
4. | Шпанија | Каталуња, 9 Мај |
5. | Монако | М.Карло, 23 Мај |
6. | Азербејџан | Баку, 6 Јуни |
7. | Канада | Жил Вилнев, 13 Јуни |
8. | Франција | Пол Рикард, 27 Јуни |
9. | Австрија | Ред Бул Ринг, 4 Јули |
10. | Британија | Силверстоун, 18 Јули |
11. | Унгарија | Хунгароринг, 1 Август |
12. | Белгија | СПА-Франкоршамп, 29 Август |
13. | Холандија | Зандворт, 5 Септември |
14. | Италија | Монца, 12 Септември |
15. | Русија | Сочи, 26 Септември |
16. | Сингапур | Сингапур, 3 Октомври |
17. | Јапонија | Сузука, 10 Октомври |
18. | Америка | Остин, 24 Октомври |
19. | Мексико Сити | Браќа Родригез, 31 Октомври |
20. | Бразил | Хозе Карлос Пејс, 7 Ноември |
21. | Австралија | Алберт Парк, 21 Ноември |
22. | С.Арабија | Џеда, 5 Декември |
23. | Абу Даби | Јас Марина, 12 Декември |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
Како што ќе бидат објавувани деталите од презентацијата на новите 2021 болиди, така ќе биде обновувана дадената табела на која имате ќе имате линкови до фотогалериите и техничките карактеристики од истите.
Тимот на Мекларен прв го објави датумот за презентација на 2021 болидот. Новиот MCL35M ќе биде прикажан на Интернет на 15 Февруари во 20:00 часот по македонско време. Британскиот тим од новата сезона се враќа на Мерцедес ПЕ во своите болиди.
Рено, прв ја започна 2021 сезоната со презентација на ребрендирана спортска програма, која ќе биде препознатлива по брендот Алпин. Беа прикажани видео и фотографии од првиот поглед на тоа како би можеле да изгледаат болидите на Алпин Ф1 тимот.
Болидот има едноставна црна боја со француската тробојка на задниот дел од капакот на моторот, но, беше наведено дека оваа опција не е финалната, а бојата може да се смени на официјалната презентација, со појавата на нови партнери или спонзори.
Kирил Абитебул го напушти Рено и нема да биде дел од програмата на Алпин Ф1 како што се очекуваше претходно. Алпин ќе биде предводен од Лоран Роси, кој ќе поднесува извештај до извршниот директор на Рено, Лука де Мео и ќе биде одговорен за автомобилите од нивната програма, како и за Ф1 тимот на Алпин.
Ознаката на 2021 болидот ќе биде А521, комбинација од името на прототипот А500 од 1975 година со броевите за тековната година. Новиот шеф на Алпин, Лоран Роси беше присутен на презентацијата и потврди дека претставувањето на новиот тим и новиот болид ќе се одржи во февруари, без да прецизира одреден датум.
ПРЕЗЕНТАЦИИ НА БОЛИДИ | ||
П. | ТИМ/ПЕ | ДАТА |
1. | МЕКЛАРЕН | MCL35M ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
2. | АЛФАТАУРИ | AT02 ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
3. | АЛФА РОМЕО | C41 ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
9. | РЕД БУЛ |
RB16B ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
5. | АЛПИН |
14 ЈАНУАРИ (бои,ознака) A521 - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
6. | МЕРЦЕДЕС АМГ |
W12 ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
4. | АСТОН МАРТИН |
AMR 21 ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
7. | ВИЛИЈАМС | FW43B ЛИНК - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
8. | ФЕРАРИ | 26 Февруари (Тим) SF21 - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
10. | ХАС |
4 Март (бои) VF-21 - ИЗВЕШТАЈ - ЛИНК |
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
05.12.2020 Иако Бахреин беше најавен како домаќин за пред сезонската тест сесија, тимовите во последен момент оваа шанса ја дадоа на патеката Каталуња во Барселона, Шпанија. Пресуден фактор, покрај логистиката, е што сè уште не е јасно како ќе се развие ситуацијата со коронавирусот.
12.01.2021 Поради прилагодувањето на 2021 календарот и одложувањето на Големата Награда на Австралија од 21 март за 21 ноември, тимовите договорија нов датум и локација за претсезонската тест сесија, наместо во Барселона, тие ќе се одржат во Бахреин од 12 до 14 март, две недели пред почетокот на шампионатот.
Предностите на Бахреин го вклучуваат топлото време, додека недостатоците ја вклучуваат големата оддалеченост на патеката Сакир од европските бази на тимовите. Доколку е потребно, доставата на резервни делови ќе трае многу подолго.
КАЛЕНДАР НА ПРЕД-СЕЗОНСКИ ТЕСТ СЕСИИ (неофицијален) |
||
П. | МЕСТО | ДАТА |
1. | Бахреин | 12-14 Март |
ПОСТ СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА (неофицијален) |
||
П. | МЕСТО | ДАТА |
1. | Абу Даби | ??? |
МЕРЦЕДЕС АМГ
Договорот на Луис Хамилтон завршува на крајот од 2020 година. Преговорите со Британецот продолжуваат, но многу е веројатно дека обновата на неговиот договор ќе биде финализирана наскоро. Мерцедес АМГ веќе поодамна го продолжи договорот со Валтери Ботас на +1 година, бидејќи за следната сезона болидите остануваат речиси исти, па голема е веројатноста тимот да ги "собере" и двете титули на лесен начи како и оваа 2020 сезона.
UPDATE: Конечно на 8 Февруари беше објавено дека Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон потпишале едногодишен договор.
ФЕРАРИ
Во Ферари, сè е многу јасно. По крајот на сезоната, Себастијан Ветел ќе го напушти тимот, а во 2021 година Карлос Саинц Јр. ќе стане тимски колега на Чарлс Леклер, кој има петгодишен договор. Тие потпишаа договор невообичаено рано и однапред, но причината за брзањето беше уште пораната најава за разделба со Ветел, со која ја започнаа преодната сезона кон средината на месец Мај.
РЕД БУЛ
Во Ред Бул не кријат дека Макс Ферстапен е нивниот прв возач, а кој ќе му биде партнер не е толку важно, туку е важно тој да му помогне во битката за Титулите. Шест возачи беа тимски колеги на Макс, до еден или друг степен не можеа да му одолеат на Холанѓанецот, а во 2021 година најверојатно ќе го имаме неговиот седми колега.
18.12.2020 Ред Бул објави дека потпишале едногодишен договор со Серџо Перез. Следната сезона, Мексиканецот ќе го замени Алекс Албон, кој ја доби улогата на резервен и тест возач, кој ќе се фокусира на развојот на 2022 болидот, работата на симулаторот и тест сесиите за евалуација на Пирели гумите.
МЕКЛАРЕН
Најавата на Себастијан Ветел за разделба со Ферари на крајот на сезоната беше почеток на низата трансфери. Даниел Рикиардо преговараше со Ферари, но Саинц Јр. ја доби битката за место во Ферари, додека Австралиецот ја прифати понудата на Зак Браун.
РЕНО
Со првичниот "петгодишен план", фабричкиот тим на Рено не успеа да стигне до врвот на табелите, па од следната година ќе го смени името во Алпин, ќе се врати Фернандо Алонсо, и тимот ќе започне нов циклус. Исто така Естебан Окон има валиден договор со тимот, но се шушка дека неговото место може да биде загрозено.
АЛФА РОМЕО
Имаше многу гласини за возачкото дуо на Алфа Ромео за следната сезона, но на крајот, тимот реши да ги задржи возачите, нешто што никој не го очекуваше.
РЕЈСИНГ ПОИНТ
Таткото на Ленс Строл дејствува брзо, ефикасно и не штеди на пари. Лоренс ја спаси Форс Индија од банкрот, инвестираше во обнова на базата, ги откупи акциите на Астон Мартин, најави враќање на овој бренд во Формула 1, не како спонзор, туку како фабрички тим и ги привлече Тото Волф и Мерцедес како инвеститори. Импресивно!
Во 2021 година, тимот на Рејсинг Поинт ќе стане Астон Мартин Ф1, а синот на сопственикот Ленс Строл ќе направи уште еден чекор кон остварување на неговиот сон. Себастијан Ветел ќе биде негов тимски колега и ментор.
АЛФАТАУРИ
Досега, тимот само го потврди договорот со Пјер Гасли. Французинот има добра сезона и следната година ќе добие уште една шанса.
16.12.2020 АлфаТаури потпиша договор со Јуки Цунода. Во 2021 година јапонскиот тркач ќе биде тимски колега на Пјер Гасли. Тој е член на младинската програма на Ред Бул, но и на Хонда.
Оваа година се натпреваруваше во Формула 2 шампионатот и го освои третото место на крајот од сезоната, а воедно беше прогласен и за најдобар возач на сезоната.
Следната година Цунода ќе стане првиот Јапонец во Формула 1 од 2014 година, кога Камуи Кобајаши возеше во тимот на Катерам.
ХАС
Џин Хас реши да продолжи со учество во Формула 1 Шампионатот, тимот го потпиша Конкорд договорот, ја раскина соработката со тековните возачи, Роман Грожан и Кевин Магнусен, па сега имаат потреба од возачи кои би донесле финансиски средства со себе. Во прв план се споменуваат Мазепин и Шумахер.
На првиот ден од Декември официјално беше потврден повеќегодишен договор за Никита Мазепин. Русинот секогаш го користеше бројот 99 кога се натпреварува, но, бидејќи тој е зафатен од Џовинаци, одлуката под кој број ќе настапи во Ф1 ќе биде дополнително објавена.
02.122020 Прес-службата на Хас објави дека болидот на рускиот дебитант во Ф1 ќе го има број 9. Претходно, Маркус Ериксон го имаше овој број, но бидејќи Швеѓанецот не е во Формула 1 веќе две сезони, бројот стана достапен за другите возачи да изберат.
02.12.2020 Хас го официјализираше потпишувањето на повеќегодишен договор и со Мик Шумахер, син на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, со што се комплетираше нивната возачка постава за 2021 година. Германецот го избра 47 за свој број под кој ќе се натпреварува во Формула 1.
ВИЛИЈАМС
Пред почетокот на Големата Награда на Унгарија, Вилијамс го потврди возачкото дуо за следната сезона, Џорџ Расел и Николас Латифи, но потоа тимот ги смени сопствениците, по што започнаа шпекулации дека Расел би можело да се раздели со тимот. Договорот со синот на канадскиот милијардер Николас Латифи не се доведува во прашање.
ТИМСКИ ПОСТАВИ ЗА 2021 ГОДИНА | ||
ТИМ | ВОЗАЧИ | БРОЈ |
Мерцедес АМГ | Луис Хамилтон Валтери Ботас |
44 77 |
Ферари | Чарлс Леклер Карлос Саинц Јр. |
16 55 |
Ред Бул | Макс Ферстапен Серџо Перез |
33 11 |
Алпин Ф1 | Естебан Окон Фернандо Алонсо |
31 14 |
Хас | Никита Мазепин Мик Шумахер |
9 47 |
Астон Мартин |
Себастијан Ветел Ленс Строл |
5 18 |
Мекларен | Даниел Рикиардо Ландо Норис |
3 4 |
АлфаТаури | Јуки Цунода Пјер Гасли |
22 10 |
Алфа Ромео | Кими Раиконен Антонио Џовинаци |
99 7 |
Вилијамс | Џорџ Расел Николас Латифи |
63 6 |