Церемонијата беше кратка, но свечена. По дуетот балерини во бел и црвен фустан на музика од Шопен, на сцената се појавија тимскиот шеф, Фредерик Васер и техничкиот директор Жан Моншо. Неколку минути подоцна беа заменети со возачите, Кими Раиконен, Антонио Џовинаци и резервата Роберт Кубица, заедно со новиот C41. Шемата на бои остана препознатлива, црвена и бела, сега со поголема доминација на белата боја и логоа на неколку нови спонзори.
C41, 2021 болидот на Алфа Ромео не се разликува премногу од минатогодишниот C39, кој сезоната ја заврши на 8-то место во шампионатот на конструктори со само 8 поени, 99 помалку од седмо пласираниот тим на АлфаТаури. Оваа нова 2021 сезона, најверојатно повторно ќе мора да се борат за истата позиција, но оваа задача ќе биде нешто потешка.
Најверојатно забележавте дека од C39, тимот на Алфа Ромео скокна на ознаката C41. Toa e така затоа што моделот C40 се подготвуваше за новите регулативи, кои се одложени за 2022 година, па во тековната сезона ќе се користи C41, за C40 да стапи на сцена во 2022 година.
Ова е затоа што Ферари дава приоритет на соработката со друг клиентски тим, Хас, каде ќе дебитира Мик Шумахер, син на седумкратниот Ф1 шампион. На американскиот тим му е доделена дури и посебна работилница во базата на Ферари во Маранело, па тимот на Алфа Ромео во оваа ситуација може да остане во сенка.
Сепак, Мик Шумахер и неговиот тимски колега, Никита Мазепин, се дебитанти во Формула 1, додека возачите на швајцарскиот тим се искусни професионалци. Кими Раиконен е Ф1 Шампион, а Антонио Џовинаци веќе е староседелец кој добро го познава болидот. Па да видиме што ќе превагне, дополнителна поддршка од Ферари или искуството на возачите на Алфа Ромео.
C41 - БОЛИД
Фредерик Васер, Тимски шеф: "Презентацијата на новиот болид е емотивен момент, кулминација на многумесечните напори на сите што работеа на него во базата, почеток на нова авантура. Филозофијата на тимот остана иста, утре мора да работиме подобро од денес."
"Минатата сезона ја завршивме на осмото место, и целиме на најдобриот резултат во 2021 година. За да го направиме ова, треба да направиме напредок во сите оддели на тимот, на секоја патека. Сите екипи имаат големи очекувања пред почетокот на сезоната, но наскоро ќе го знаеме реалниот баланс на силите."
Жан Моншо, Технички директор: "Изгледот на C41 беше последица на многу невообичаена ситуација во Формула 1, кога прописите не ни дозволија да развиеме целосно нов болид за оваа година. Од оваа причина, нашиот 2021 болид има многу заеднички делови со C39, со исклучок на оние што требаше да се променат на барање на регулативата, подот и конусот на носот, за кои потрошивме два токени."
"Како резултат, на почетокот на тестовите ќе го запознаеме нашиот болид многу подобро од вообичаеното, но сепак е важно да ги искористиме тие три дена и треба да се осигураме дека реалноста одговара на нашите очекувања. Подготвени сме за новата сезона и со нетрпение очекуваме да го видиме нашиот нов болид на патеката."
КАЦИГИ
ВОЗАЧИ
Кими Раиконен, #7: "Секогаш е одлично по прв пат да се види новиот болид. Пред оваа сезона имаше некои измени во регулативата, па не очекува одредена неизвесност. Да видиме во каква форма ќе биде конкуренцијата, но се надевам дека почесто ќе се бориме за високи позиции.""За неколку недели, за време на тестовите, ќе ја добиеме првата претстава за рамнотежата на силите, а во првата фаза од сезоната ќе утврдиме на кои позиции се наоѓаме. Ќе дадеме се од себе да бидеме на позициите каде што треба да бидеме."
Антонио Џовинаци, #99: "Презентацијата на нов болид е секогаш радосен настан. C41 е најубавиот во последните три години што ги поминав во тимот. Се надевам дека е исто така побрз од неговите претходници. Со нетрпение очекувам да работам со него на предсезонските тестови. Се надевам дека ќе се покаже брз и ќе постигнеме одлични резултати."
"Оваа година предсезонските тестови се пократки од вообичаеното, така што нема да ни биде лесно, но сите сме во иста неприлика. Се надеваме дека на тестовите ќе одиме на издржливост и ќе собереме многу податоци, кои ќе ги споредиме со минатата година, а потоа ќе продолжиме да го рафинираме болидот."
Роберт Кубица, #88: "Многу сум среќен што денес сум овде. За мене, роден во Полска, неверојатно е да гледам презентација на Формула 1 болид во мојата матична земја, ова се случи за прв пат во историјата! Ова е посебен настан не само за мене, туку и за сите полски фанови, за што сме многу благодарни на нашиот партнер ПКН Орлен."
"Што се однесува до моите задачи во тимот, тука сè е многу јасно. Со исклучително мал број тест денови, работата на симулаторот е особено важна, технологија која е релативно нова за тимот, а со нејзина помош треба да разработиме многу решенија."
"Резултатите од оваа работа ќе треба да се проценат на патеката, зимските тестови ќе бидат исклучително важни. Секако, се надевам дека во текот на сезоната ќе имам можност да работам на болидот за време на тренинг сесиите за повторно да добијам чувство за ритамот."