На тренинг сесиите, Макс Ферстапен самоуверено водеше, но резултатите беа далеку од минатогодишните. Секој загуби во брзината, но овие загуби влијаеја на тимовите на различни начини. Првите квалификации во сезоната истакнаа неколку интересни знаменитости.
Тројца возачи, Никита Мазепин, Мик Шумахер и Јуки Цунода за прв пат учествуваа во квалификациите во Формула 1.
Во Q1 сите користеа црвени гуми. Во првите минути Мазепин имаше извртување и излетување по што мораше во бокс по нови гуми. По првите кругови, Макс Ферстапен имаше најбрзо време, но Цунода беше импресивен на втората позиција на табелата, губејќи само десетинка од времето на Холанѓанецот.
Ферстапен, Цунода и Гасли не излегоа по втор пат на патеката, додека сите останати мораа да го направат тоа. Следуваше уште едно извртување на Мазепин, што принуди многумина да го прекинат својот круг поради жолтите знамиња. Неколку возачи беа под истрага за тоа, но немаше никакви казни.
Неколку моменти подоцна Ферари ПЕ во болидот на Саинц изгуби моќност, па повторно се појавија жолти знамиња во вториот сектор од патеката. Возачот на Ферари успеа да стигне до својата гаража.
Никој не можеше да го надмине резултатот на Ферстапен, а од понатамошната борба испаднаа: Естебан Окон, Николас Латифи, малерозниот Себастијан Ветел, Мик Шумахер и "балетанот" Никита Мазепин.
Германецот во Астон Мартин, најмногу загуби од жолтите знамиња, не успеа да забележи време за премин во понатамошниот дел од квалификациите.
Во Q2 сесијата, возачите на Ред Бул, Мерцедес АМГ, Мекларен и АлфаТаури го направија својот прв брз круг на жолтите гуми, очекувајќи да започнат утре со потврдата смеша, бидејќи црвените гуми брзо ја губат својата ефикасност во текот на трката.
Серџо Перез во Ред Бул и Даниел Рикиардо во Мекларен се уште немаат целосна доверба во своите нови болиди, па така кога беше најпотребно излетаа надвор од линиите на патеката во четвртиот свиок, по што нивните времиња беа избришани.
Во својот прв брз круг, Луис Хамилтон го имаше најбрзото време на жолтите гуми, неколку десетинки пред Макс Ферстапен.
При вторите брзи круга, Хамилтон, Ботас, Гасли, Цунода и Перез повторно излегоа на жолтите гуми, но возачите на Ферари се решија за црвените гуми, по што ги забележаа најбрзите времиња во сесијата. Карлос Саинц Јр. беше 0.001 делови од секундата побрз од Чарлс Леклерк.
Тоа значеше крај на квалификациите за Серџо Перез, Антонио Џовинаци, Јуки Цунода, Кими Раиконен и Џорџ Расел Расел.
Во финалната Q3 сесија повторно сите возачи излегоа на црвените гуми, а Леклерк, Алонсо и Строл се решија да го прескокнат првиот обид. Најбрз беше Ферстапен, 0.023 секунди пред Луис Хамилтон.
При вторите брзи круга Ферстапен комплетираше неверојатен круг, скоро четири десетинки пред второто најбрзо време Луис Хамилтон и шест десетинки од третопласираниот Валтери Ботас.
Ова беше четврта Пол позиција во кариерата за Макс Ферстапен и негова втора последователна. Луис Хамилтон ќе стартува покрај него од првиот ред, Ботас и Леклерк од вториот, Гасли и Рикиардо ќе започнат од третиот.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БАХРЕИН - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:28.997 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:29.385 | + 0.388 |
3. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:29.586 | + 0.589 |
4. | Чарлс Леклерк | Ферари | 1:29.678 | + 0.681 |
5. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:29.809 | + 0.812 |
6. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:29.927 | + 0.930 |
7. | Ландо Норис | Мекларен | 1:29.974 | + 0.977 |
8. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:30.215 | + 1.218 |
9. | Фернандо Алонсо |
Алпин |
1:30.249 | + 1.252 |
10. | Ленс Строл | Астон Мартин |
1:30.601 | + 1.604 |
Q2 Најбрзо Време: Карлос Саинц Јр. - 1:30.009 | ||||
11. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:30.659 | + 0.650 |
12. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:30.708 | + 0.699 |
13. | Јуки Џунода |
АлфаТаури | 1:31.203 | + 1.194 |
14. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:31.238 | + 1.229 |
15. | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:33.430 | + 3.421 |
Q1 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:30.499 | ||||
16. | Естебан Окон | Алпин |
1:31.724 | + 1.225 |
17. | Николас Латифи | Вилијамс | 1:31.936 | + 1.437 |
18. | Себастијан Ветел |
Астон Мартин |
1:32.056 | + 1.557 |
19. | Мик Шумахер | Хас | 1:32.449 | + 1.950 |
20. | Никита Мазепин |
Хас | 1:33.273 | + 2.774 |
107% време: 1:36.834 | ||||
ИСТОРИЈА - САКИР
2010 Себастијан Ветел - Ред Бул - 1:54.101
2011 / 2012 Себастијан Ветел - Ред Бул - 1:32.422 2013 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:32.330 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:33.185 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.571 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:29.493 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:28.769 2018 Себастијан Ветел - Ферари - 1:27.958 2019 Чарлс Леклерк - Ферари - 1:27.867 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.264 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:28.997
@МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
@MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA
|