Изјави од победниците и губитниците на квалификациската сесија во Бахреин.
ПОБЕДНИЦИ
Макс Ферстапен, П1: "Одлично е чувството да се биде на Пол позицијата и немам доживеано сезонски старт како овој. После победата во Абу Даби, целиот тим притискаше навистина силно и уште помотивирано."
"Сè уште нема гаранција за остатокот од годината, но сите тука и дома во фабриката завршија одлична работа да ми дадат ваков болид и треба да бидат многу горди. Хонда исто така работеше многу напорно оваа зима, како и секоја година. Како нас и тие само сакаат да победуваат."
"На тест сесиите е тешко да се знае каде сте и навистина не знаевме како ќе поминеме на квалификациите, но кога имате таков круг во Q3 и толку добро чувство во болидот можете да бидете среќни."
"Но, она важното е утре, но ако можам да имам добар старт, уверен сум дека можеме да завршиме добра работа."
Луис Хамилтон, П2: "Макс имаше одличен круг, скоро 4 десетинки е голема разлика, така што имаме уште работа! Болидот се однесуваше добро во Q1 и Q2, до последната минута се обидувавме да го најдеме вистинскиот баланс и бев задоволен."
"На крајот не можев да добијам повеќе од него, но сепак, беше возбудливо. Јас сум неизмерно горд на сите. Работевме многу напорно во текот на минатата недела да го разбереме болидот и мислам дека направивме неколку чекори напред, но не можевме да се натпреваруваме во последниот круг со Макс. П2 не става во позиција утре да му создадеме проблеми на Ред Бул."
Валтери Ботас, П3: "Денес беше многу подобро од тест сесијата. Во текот на квалификациите се чувствував сè поудобно. Барем сме поблиску до Ред Бул отколку што бевме на тестирањето."
"Утре имаме два болида да се бориме против еден Ред Бул. Морав да користам два комплети гуми во Q1, така што имав само еден нов комплет за Q3 што ме доведе во неповолна положба."
"Но, почнувајќи од третата позиција на оваа патека не е лошо. Ред Бул изгледа имаат поголема стабилност, особено со силниот ветер. Имаме два болида во првите три, па дефинитивно сè уште можеме да се бориме за победата."
ГУБИТНИЦИ
Серџо Перез, П11: "Честитки за Макс и тимот за Пол позицијата, бидејќи тоа е совршен начин да се започне сезоната. Од моја страна не очекував да се пласирам на единаесеттата позиција и очигледно тоа не е идеален почеток, но напредуваме."
"Имавме апсолутно право да ги користиме жолтите гуми во Q2, но за жал тоа едноставно не се исплати и не испорачав круг каков што требаше да го имам. Влегов многу широко во 13-от свиок и изгубив неколку десетинки, а кога разликата е мала тоа значеше крај на квалификациите за мене."
"Пласманот во Q3 сесијата ќе ми донесеше можност за споредбата на податоците со Макс што ќе ми помогнеше да напредувам, но утре е нов ден и сè може да се случи на оваа патека, па се надеваме дека можеме да напредуваме низ поредокот."
Себастијан Ветел, П18: "Мислам дека е фер да се каже дека денешниот резултат е разочарувачки, а не каков што посакувавме. По мојот прв круг во Q1 имаше доста време за подобрување, но при моето второ излегување на патеката имаше две жолти знамиња, кои го направи невозможно напредувањето до Q2."
"Имаше жолто знаме на првиот свиок и уште едно подоцна во кругот. Јас немав среќа со мојата позиција на патеката. Она што е позитивно, болидот се однесуваше подобро во квалификациите и целата работа што ја направивме по тест сесијата нè води во добра насока, така што имаме потенцијал да бидеме побрзи."
"И покрај тоа што не започнуваме од таму каде што не сакаме, сепак она важното е утре. Нашата работа е да ги искористиме сите можности и да видиме што ќе се случува."
Никита Мазепин, П20: "Условите за квалификации беа многу незгодни, тие многу се сменија од Т3. Очигледно, температурата опадна и ветерот го смени правецот, а овие Формула 1 болиди се многу чувствителни на ветер."
"Имав проблем со сопирачките, по што задните трклала блокираа на првиот свиок. Педалата само пропадна, тоа е нешто што треба да го разгледаме. Не беше нешто што го очекував и не се имаше случено претходно на тренинг или тест сесиите."
"Се надевам дека тоа нема да се случи утре. Има уште многу за подобрување, но секогаш знаевме дека ќе имаме тешки квалификации."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО БАХРЕИН
3/27/2021 09:42:00 PM
0
Share to other apps